Свет
Убиени двајца лекари во клиника во Германија
Еден постар човек убил во понеделникот двајца лекари во клиника во југо-западна Германија, ранил уште ден полицаец додека бил гонет, а потоа се застрелал самиот, јавува Assocaited Press.
Еден постар човек убил во понеделникот двајца лекари во клиника во југо-западна Германија, ранил уште ден полицаец додека бил гонет, а потоа се застрелал самиот, јавува Assocaited Press.Инцидентот се случил доцна попладнето на клиниката во градот Вајлербах во областа Рајнланд-Пфалц. Според Адреас Петри, портпаролот на локалната полиција во близина на Кајзерслаутерн, 78-годишен маж влетал во клиниката и веднаш неселективно почнал да стрела врз присутните. Двајцата лекари од клиниката, на 67 и на 43-годишна возраст, починале на местото на нападот од прострелни рани.Според локалните медиуми, напаѓачот кому не му се открива идентитетот, го напуштил местото на инцидентот и почнал да пука врз полицијците коишто тргнале во потера по него, ранувајќи притоа еден од нив.Тој успеал да стигне до својата куќа и да се забарикадира внатре. Кога полицајците упаднала во куќата, тие откриле дека осомничениот сторител извршил самоубиство.Полицијата ги испитува околностите и мотивите за трагедијата. Не е познато дали човекот кој отворил оган во клиниката бил тамошен пациент./крај/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.