Контакт

Свет

Путин го покани Прохоров во владата

Објавено пред

Новоизбраниот руски претседател Владимир Путин го повика во среда рускиот милијардер Михаил Прохоров, третопласиран на изборите, да биде дел од неговата идна влада.

Новоизбраниот руски претседател Владимир Путин го повика во среда рускиот милијардер Михаил Прохоров, третопласиран на изборите, да биде дел од неговата идна влада.„Михаил Дмитријевич Прохоров е сериозна личност, добар претприемач. Би можел да биде од полза во владата, доколку сака“, рече Путин, пренесуваат руските агенции.Тој додаде дека за составот на новата влада ќе разговара со Дмитриј Медведев, досегашен претседател.Прохоров, кој на изборите излезе како самостоен кандидат и доби 5,7 милиони гласови, или 7,9 отсто, предизвика изненадување со третото место, зад Путин и Генадиј Зјуганов.Путин, на 7 мај во Кремљ официјално ќе го започне својот трет претседателски мандат.Милијардерот Прохоров доби солидна поддршка во руските големи градови. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Објавено пред

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност. Лидерите посочија дека никогаш не смее да има нуклеарна војна и дека нема да има победници во неа.

„ Русија и САД покажаа дека дури и во време на напнатост, тие се во состојба да ги унапредат заедничките цели за да обезбедат предвидливост во стратешката сфера, да ги намалат ризиците од вооружен конфликт и заканата од нуклеарна војна“, се вели во документот.

Пример за таков пристап е неодамнешното продолжување на Договорот за офанзива за стратешко вооружување (СТАРТ 3).

„ Денес ја потврдуваме нашата посветеност на принципот дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека таа никогаш не смее да биде покрената“, се вели во заедничката изјава.

Лидерите на двете земји најавија започнување на комплексен дијалог за стратешка стабилност, што треба да ги постави темелите за идна контрола на оружјето.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ. Бајден на почетокот на конференцијата рече дека ова е долг ден за сите.

„ Само што го завршив последниот состанок на ова патување. Се крена голема прашина околу овој состанок. Нема подобар начин за дијалог од лице в лице. Му реков на претседателот Путин дека мојата агенда не е против Русија или некој друг. Таа е за американскиот народ”, рече Бајден, додавајќи дека неговиот фокус е борба против коронавирусот, обнова на американската економија и зајакнување на врските со сојузниците.

„ Исто така му реков дека ниту еден претседател на САД не може да ја задржи довербата кај американскиот народ ако не се изјасни во одбрана на демократските вредности“ додаде тој.

Американскиот претседате нагласи дека двајцата лидери имаат заедничка одговорност за воспоставување стабилни односи.

Бајден истакна дека ќе продолжи да инсистира на почитување на човековите права, што беше една од главните теми на самитот.

Рече дека се согласил со Путин за продолжување на дипломатијата за Украина во врска со договорите од Минск. Тој рече дека „не е дека Путин не се согласува со она што се случило“, туку „тој има поинаква перспектива за тоа што треба да се направи“.

Патем, ниту еден руски медиум не беше поканет на прес-конференцијата на Бајден, додека бројни американски медиуми беа поканети на конференцијата на рускиот претседател Владимир Путин.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: Бајден не ме покани на гости, а не го поканив ни јас

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин на прес конференцијата по состанокот со американскиот колега, Џо Бајден меѓудругото рече дека Бајден не го поканил на гости, па поради тоа ни тој не го поканил да дојде во Русија.

Како што објасни, за такво нешто потребно е да се создадат услови.

На новинарско прашање што видел во очите на Бајден, Путин рече дека не може да каже ништо за неговата душа, но дека Бајден е многу одмерен и конструктивен соговорник“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет9 часа

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет10 часа

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа11 час

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија14 часа

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија14 часа

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија15 часа

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија17 часа

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет18 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион19 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија19 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет20 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија20 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет21 час

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ1 ден

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија2 дена

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија2 дена

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија2 дена

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет2 дена

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија2 дена

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Досие