Свет
Либија негира постоењето центри за обука на сирискиот бунтовници
Либиските власти не знаат за постоењето на некаков центар за обука на борците против владата на Сирија, изјави во четвртокот либискиот премиер Абделрахим ал-Киб.
Либиските власти не знаат за постоењето на некаков центар за обука на борците против владата на Сирија, изјави во четвртокот либискиот премиер Абделрахим ал-Киб.„Што се однесува до таквите кампови за обука, не знам дали би постоело нешто такво без наше (владата на Либија -з.р.) согласување, јас би бил изненаден“, изјавил ал-Киб на заедничката конференција со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Стејт департментот, пренесува РИА Новости.Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, во средата изјави дека Русија е вознемирена од информациите за постоење посебен центар во Либија за подготовка на борците против владата на Сирија, формиран со поддршка на тамошните власти. Истиот ден, либискиот премиер ал-Киб имаше средба со американскиот претседател Барак Обама.Ланскиот ноември, турскиот весник Milliyet пишуваше дека француски воени инструктори започнале со тренинг на вооружените сириски бунтовници со цел да се засилат борбите против режимот на претседателот Башар ал-Асад.Според весникот, Франција ги испратила своите инструктори во северен Либан и во Турција, каде што се наоѓаат камповите на таканаречената Слободна сириска армија, група составени претежно од дезертери од регуларната армија, каде што ги опремуваат и ги обучуваат сириските бунтовници за поефикасна борба против сириската армија и силите за безбедност.Во написот на весникот, исто така, се тврдеше дека владите на Франција, Велика Британија и на Турција „постигнале договор за испраќање оружје за бунтовниците во Сирија“. Весникот додава и дека најголемата група вооружени дисиденти се наоѓа во турската провинција Хатај, во близина на границата со Сирија.Пишувањето на турскиот весник дојде непосредно по објавувањето на информацијата дека француските и британските разузнавачки служби ги испратиле своите агенти да стапат во контакт со сириските дисиденти стационирани во градот Триполи во северен Либан, со цел да помогнат да се разгорат немирите и борбите во Сирија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од 130 лица беа приведени во Њујорк по антиизраелските студентски демонстрации
Повеќе од 130 лица се приведени во текот на ноќта во Њујорк пред просториите на Универзитетот NYU, по пропалестинските студентски демонстрации, соопшти вечерва полицијата.
Њујоршката полиција за Франс прес прецизира дека сите приведени лица, од кои точно 133, потоа биле ослободени.
Полицијата додаде дека добила покана од администрацијата на Универзитетот во Њујорк да интервенира и да ги евакуира демонстрантите.
„Доколку одбијат да заминат, бараме од NYPD да преземе мерки, вклучително и апсење доколку е потребно“, се вели во писмото на Универзитетот до полицијата.
Студентите во САД во последниве денови организираа демонстрации и митинзи за ставање крај на војната во Појасот Газа.
Околу 100 пропалестински студенти веќе беа уапсени минатата недела на Универзитетот Колумбија, исто така во Њујорк. И во тој случај управата на универзитетот побарала интервенција на полицијата.
Неколку јавни личности, вклучително и претставници на американскиот Конгрес, оценија дека тие студентски собири поттикнуваат антисемитизам.
Свет
Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала
ЛибанскиХезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека нема сознанија за некој од нејзините објекти погодени од Хезболах, но претходно соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел.
Двете страни редовно разменуваат ракетни и воздушни напади од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но се воздржуваат од отворена војна. Сепак, со оглед на честите напади, постојат стравувања дека несреќа или погрешна проценка на која било страна може да доведе до брза ескалација на конфликтот, како и до потенцијално вклучување на други регионални и светски сили, вклучително и САД.
Хезболах вели дека нападот е одмазда за претходниот израелски напад во кој загина еден од нивните борци. Групата објави сателитска снимка со локацијата на нападот на половина пат помеѓу Акра и Нахарија на север. На едно видео е видливо и како израелската воздушна одбрана ги пресретнува беспилотните летала.
Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан.
Најмалку две лица загинаа, а уште шест се повредени откако израелски воздушен напад погоди станбена област во јужниот либански град Ханин, објави во вторникот официјалната либанска новинска агенција NNA.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.