Контакт

Свет

Кофи Анан во Дамаск ќе го притиска Асад

Објавено пред

Пратеникот на Арапската лига Кофи Анан во сабота пристигна во Дамаск во обид да изврши притисок врз сирискиот претседател Башар ал-Асад

Пратеникот на Арапската лига Кофи Анан во сабота пристигна во Дамаск во обид да изврши притисок врз сирискиот претседател Башар ал-Асад да се ангажира во политичко решавање на едногодишниот бунт во земјата против неговиот режим.

Посетата на Анан следува еден ден откако владините сили убија најмалку 72 луѓе при гранатирањето на делови од побунетиот град Хомс.

Истовремено, се очекува арапските министри за надворешни работи во Каиро да остварат средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија и Кина минатиот месец ставија вето на нацрт-резолуцијата на ОН со која требаше да се подржи планот на Арапската лига за отповикување на Асад од власта.

Според податоците на ОН, во текот на едногодишниот бунт во Сирија загинаа околу7.500 луѓе. Сириските власти тврдат дека само јод декември до сега загинале преку 2.000 припадници на владините сили. /крај/хина/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Објавено пред

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во Сребреница геноцид, објави „Б92“.

Парламентот на Црна Гора синоќа усвои резолуција за Сребреница со мнозинство гласови, на предлог на опозициската Бошњачка партија.

Милан Кнежевиќ од Демократскиот фронт утрово во интервју за „ТВ Прва“ изјави дека никој од граѓаните кои гласале за промени во Црна Гора и против Мило Ѓукановиќ не може да помисли дека парламентарното мнозинство ќе ги прогласи Србија и српскиот народ за геноцидни.

„Чувствувам одредена доза на срам иако гласав против таа резолуција. Сакам да се извинам на цела Србија и на српскиот народ за она што се случи во парламентот, бидејќи тоа не е мнозинството на Црна Гора“, рече Кнежевиќ.

Тој стакна дека пред гласањето, на премиерот Здравко Кривокапиќ му било кажано дека ако се изгласаат резолуцијата за Сребреница и смената на министерот Лепосавиќ, тој повеќе нема да има поддршка од ДФ и повеќе нема да го смета за премиер.

Пратениците на ДФ вчера го напуштија Парламентот, а Кнежевиќ им рече на своите коалициски партнери дека ако се откажат од склучување договор со ДПС и покажат подготвеност да се вратат на начелата на изборната програма, постои можност за обновување на односите.

Лидерот на ДФ се надева дека ќе има можност да разговара со лидерите на парламентарното мнозинство, пред официјалното барање за смена на Кривокапиќ. Кнежевиќ вели дека ставот на неговата партија е дека Кривокапиќ сигурно не може да остане на функцијата премиер, бидејќи по вчерашното гласање, го изгубил легитимитетот.

Кнежевиќ, исто така, нагласи дека е ставен под знак прашалник и легитимитетот на претседателот на собранието, Алекса Бечиќ, бидејќи неговата партија, заедно со ДПС, гласале за резолуцијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Објавено пред

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани се вакцинирани со двете дози.

Процентот на вакцинирани во Србија е 44,34, додека 40,45 проценти од граѓаните се вакцинирани со две дози.

Досега во Белград се вакцинирани 52,3 проценти од луѓето, а двете дози ги примиле 48,4 проценти од граѓаните.

Епидемиолошката состојба во Србија е сѐ подобра, се намалува и бројот на заразени и бројот на починати.

Вчера во земјата се регистрирани 135 нови случаи на коронавирус, од 9.187 тестирани. 19 лица починале.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија купи кинески ракети

Објавено пред

Србија ќе го добие најголемото засилување за вооружените сили. Првата батерија на кинескиот ракетен систем со среден дострел ФК-3, конструиран според моделот на рускиот С-300, треба да биде доставен до српската армија до крајот на годината, објави „Новости“.

Оваа набавка ќе биде најголемото засилување за српските вооружени сили од ерата на модернизацијата на ЈНА, и Србија ќе стане првиот странски корисник на овие оружја.

Кинеските ракети за одбрана од воздушни напади се најважната воена опрема што се очекува во единиците на воздухопловните сили на Србија. Системот ФК-3, сепак, е најважната, но не и единствената ставка на списокот на купена воена опрема чија испорака се очекува во следните шест месеци.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна објави дека претстои реализација на големи воено-технички договори.

„Многу нови оружја ќе пристигнат во следните шест месеци. Се набавуваат многу работи, а многу се веќе платени“, рече Вучиќ, не наведувајќи за какви видови оружје станува збор.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион19 минути

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија1 час

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион1 час

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Македонија2 часа

Османи – Чавушоглу: Македонија и Турција немаат отворени прашања

Турција и Македонија негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во НАТО, се поврзани и...

Спорт3 часа

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт13 часа

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион14 часа

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Европа14 часа

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент, пратеник изјавил дека опозиционерите треба да бидат застрелани

За време на разгледувањето на измените и дополнувањата на предлог законот за реформа на Националниот совет за телевизиски и радио...

Македонија19 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија19 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија21 час

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија22 часа

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија24 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ1 ден

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија1 ден

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија1 ден

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт1 ден

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет2 дена

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет2 дена

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Досие