Контакт

Свет

Саркози и’ се извини на полицајката за нападот со домат

Објавено пред

Францускиот претседател Николас Саркози лично и’ се извинил на полицајката која со домат ја гаѓале претседетлскиот син и негов пријател, пренесува Reuters повикувајќи се на полициски функционер.

Францускиот претседател Николас Саркози лично и’ се извинил на полицајката која со домат ја гаѓале претседетлскиот син и негов пријател, пренесува Reuters повикувајќи се на полициски функционер.Кругот на осомничени за фрлање домати и џамлии врз полицајката од претседателската палата во Париз минатиот четвртокт бил стеснет на 15-годишниот Луј Саркози и пријателот кој во тој момент бил со него, рекол полицискиот службеник за агенцијата.„Таа рече дека на прозорецот видела детско лице, но не можеше со сигурност да каже дали тоа бил Луј“, изајвил функционерот кој сакал да остане анонимен,Претседателот на Франција Николас Саркози се обидува да ги поправи најлошите резултати од анкетите за актуелниот претседател кого го очекуваат избори во април, а инцидентот би можел да претставува уште еден дополнителен незгоден товар за неговата предизборна кампања./крај/ро/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Жена во Индија обвинета за прељуба, била принудена да шета гола низ селото

Објавено пред

Жена во Индија била принудена да се соблече и за казна била присилена да прошета низ селото гола затоа што му се вратила на сопругот по наводната повеќемесечна врска со друг маж, објавија денес локалните власти и медиумите.

Жената била спасена од полицијата во сојузната држава Западен Бенгал.

“Уапсивме тројца главни осомничени и го истражуваме инцидентот. Веројатно наскоро ќе има уште апсења”, рече шефот на локалната полиција.

Според медиумите, 35-годишната жена го напуштила селото шест месеци порано, наводно со својот љубовник.

Кога се вратила во домот на нејзиниот сопруг, некои селани ја испрашувале каде била, по што направиле импровизиран суд за да одлучат за нејзината судбина, пишуваат медиумите.

Кога не можела да го оправда своето отсуство, жената била наводно извлечена од куќата од страна на некои селани и претепана.

Политичарите на владејачката партија го нарекоа инцидентот „варварски“. Жената се уште е во шок и е во болница под медицински надзор.

Во индиските села и племенските области, не е невообичаено жените за кои се смета дека се занимаваат со магии или имаат вонбрачни активности, да бидат казнувани со присилно соблекување и да шетаат голи.

Некои жени се понижувани и од други причини, како на пример поради неплатени заеми и слично.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Силна експлозија во Илиноис, населението се евакуира

Објавено пред

Силна експлозија се случи денеска во индустриската зона Илиноис, а во тек е итна евакуација на локалното население.

Властите во Илиноис издадоа наредба за итна евакуација на луѓето кои живеат во близина на местото на експлозијата, што се случи по пожарот во индустриската зона.

Неколку противпожарни единици се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот во фабриката за хемикалии. Медиумите објавија дека причината за експлозијата сè уште не е позната, а нема информации за повредени.

Прикажи повеќе...

Европа

Разбиена разбојничка група во Италија, краделе низ цела Европа

Објавено пред

Италијанската полиција разби група разбојници кои дејствувале во Европа и се обиделе да украдат злато од златарницата на плоштадот Свети Марко во Венеција во 2017 година.

Осомничените се уапсени во Австрија, Естонија и Финска и тие припаѓаат на естонска банда специјализирана за грабеж на луксузни европски продавници за накит, се наведува во соопштението на италијанската полиција.

Во март 2017 година, двајца членови на таа група активирале две димни бомби за да организираат напад на златарницата на плоштадот Свети Марко, додека другите двајца се обиделе да ја ограбат.

Благодарение на интервенцијата на турист кој бил предупреден од продавачка и кој повикал полиција, разбојниците биле принудени да бегаат.

Денешното соопштение за разбивањето на групата следеше по долгогодишна истрага во координација со Европол.

Според полицијата, таа група извршила две кражби во Бастија на Корзика во 2016 и 2017 година, во Инсбрук, Австрија во 2017 година, со вкупен плен проценет на еден милион евра. Меѓу уапсените е и осомничениот шеф на групата кој беше пронајден во Финска. Тој веќе е осуден за повеќе кражби и едно убиство, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет3 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет5 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија5 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа6 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија7 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија8 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион9 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија9 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија11 час

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет11 час

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија11 час

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт23 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт24 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт24 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие