Свет
Советот на Европа остро ги осуди погубувањата во Белорусија
Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан-Клод Мињон во неделата изјави дека е „длабоко потресен“ од погубувањата на Владислав Ковалев и Дмитриј Коновалов
Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан-Клод Мињон во неделата изјави дека е „длабоко потресен“ од погубувањата на Владислав Ковалев и Дмитриј Коновалов кои во Белорусија беа осудени на смрт и егзекутирани поради бомбашкиот напад во метрото во главниот град Минск во април мината година кога загинаа 15 а беа ранети 200 лица.„Сторено е нешто непоправливо. Белоруските власти не ги послушаа бројните апели на меѓународната заедница. Најостро ги осудувам овие погубувања. Смртната казна е свирепа и бескорисна. Тоа е варварска практика за која нема место во цивилизираното општество“, се наведува во писмената изјава на Жан-Клод Мињон што ја пренесува AFPСоветот на Европа, чијашто главна мисија е заштитата на човековите права и демократијата, бара укинување на смртната казна. Белорусија е единствената земја којашто не е дел од оваа органзиација и е единствената којашто сѐ уште ја практикува смртната казна. Таа се извршува со истрелување еден куршум во тилот на осуденикот. Местото и локацијата на нејзиното извршување остануваат тајна, а семејстворто никогаш не дознава каде е закопано телото на егзекутираниот. Мињон нагласува дека Парламентарното собрание неколкупати ги повика властите во Минск да не ги погубуваат двете момчиња на 26-годишна возраст, „не само врз база на начелното противење на смртната казна, туку и поради многуте прашања во врска со праведноста на нивниото судење“.Претходно во саботата навечер високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, го осуди извршувањето на смртната казна врз Владислав Ковалев и повика на ставање мораториум на извршувањето на смртната казна, и на крајот нејзино укинување.Нападот се случи во метрото во Минск на 11-ти април 2011 година, при што загинаа 15 луѓе а 200 беа повредени. Судот во ноември минатата година пресуди дека експлозивната направа ја изработил, ја донел на станицата од подземната железница и ја активирал Дмитриј Коновалов. Според судот, Ковалев знаел за планираниот напад, но не ги информирал надлежните институциите.Ковалев поднесе барање за помилување, додека тоа не го стори Коновалов. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, одби да ги помилува осудениците, „поради исклучителни опасност и сериозноста од последиците за општеството од извршувањето вакви злосторства“.Адвокатите на двајцата осудени изјавија дека нивната вина не била докажана на процесот. Во саботата, егзекуцијата на Ковалев за локалните медиуми ја потврди неговата мајка Љубов Ковалева, којашто таа информација ја добила по пошта од Врховниот суд на Белорусија.Во неделата наутро беше и официјално потврдено дека смртната казна е извршена и врз Коновалов./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.