Свет
УНХЦР:Зголемени барањата за азил во индустријализираните земји
Новите судири и сè поголемиот број бегалци од постарите кризни подрачја, како штое Авганистан, заедно придонесоа кон зголемувањето за 20 отсто на барањата за азил во текот на 2011 година во индустријализираните земји.
Новите судири и сè поголемиот број бегалци од постарите кризни подрачја, како штое Авганистан, заедно придонесоа кон зголемувањето за 20 отсто на барањата за азил во текот на 2011 година во индустријализираните земји.
Ова го покажува најновиот извештај што во вторник го објави Агенцијата за бегалци при ОН(УНХЦР).
Извештајот на УНХЦР, „Нивоата и трендовите на азил во индустријализираните земји во 2011 година„, истакнува дека околу 441,300 барања за азил се евидентирани минатата година, во споредба со 368,000 барања во текот на 2010 година. Извештајот опфаќа 44 земји во Европа, Северна Америка, Австралија и Североисточна Азија.
Релативно, највисокиот пораст се забележа во Јужна Европа, кој регистрираше 66,800 барања за азил – што претставува скок од 87 отсто. Најголемиот број од овие барања беше поднесен од лица кои пристигнале со брод од Италија и Малта, но со огромен пораст забележан и во Турција.
“Големиот број на барања за азил јасно дава до знаење дека 2011 година беше година на огромни потешкотии со кои се соочија многу луѓе. Можеме да бидеме благодарни само за тоа дека со ова, меѓународниот систем за азил остана цврст,“ изјави Антонио Гутереш, Високиот комесар за бегалци при ОН.
Целосно земено, 38-те земји на Европа заедно евидентираа 327,200 барања, повеќе од било кој друг регион, како и 19 отсто пораст во споредба со 2010 година. Во Северна Америка се поднесоа 99,400 барања, скоро за четвртина повеќе од вкупниот број во претходната година. Јапонија и Република Кореја евидентираа рекордни 2,900 барања, додека 77 отсто пораст во споредба со 2010 година.
Само Скандинавските земји и Австралија забележаа намалување на бројот на баратели на азил, со пад од 10 отсто (45,700 барања) и 9 отсто (11,800 барања) одделно.
Како одраз на немирите во Западна Африка и Арапскиот свет, барателите на азил од Брегот на Слоновата Коска, Либија, Сирија и други земји достигнаа рекордни нивоа во 2011 година со 16,700 повеќе барања, во споредба со 2010 година.
Земјата на потекло на најголемиот број баратели беше Авганистан, со 34 отсто поголем пораст од 2010 година, на 35,700. Кина остана втора најголема земја на потекло (24,400 баратели), по Ирак (23,500). /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.