Свет
Во Светата земја Eвреите и христијаните заедно слават
Илјадници христијани од целиот свет се собраа на католички Велики петок во Ерусалим каде ги минуваат 14-те места на патот по кој Исус Христос го носел својот крст по Виа Долороса во Стариот град, славејќи го најголемиот празник Пасхалното тридневје.
Во Базиликата на Светиот Гроб од рано наутро во петокот се собрале многу верници на централната прослава, а израелските безбедносни сили ги надгледуваат сите приоди кон црквата. Израелските власти низ целата земја прогласија вториот највисок степен на готовност за армијата. Причина за тоа е што годинава се поклопуваат католичките Пасхални тримери и големиот еврејски празник Пасха.
Најголемиот празник на еврејската заедница се слави во спомен на егзодусот на еврејскиот народ од Египет по 400-годишното ропство. Трае седум дена, а тече од заоѓањето на сонцето во петок, годинава на 6-ти април.
Група руски бизнисмени три дена минаа аџилак пеш низ пустината и во петокот попладне пристигнаа во Храмот во Ерусалим, како што соопшти претседателот на Рускиот еврејски конгрес, Јуриј Каннер, за да се почувствуваат како евреите пред илјадници години. Дванаесетте Руси претежно со еврејско потекло, ноќите ги минувале во шатори а преку ден минувале по околу 20 километри. Аџилакот низ израелската пустина Арава го започна близу градот Цофар.
Римокатолиците, пак, но и сите протестантски цркви во светот, во Светата земја, од петок го славата Вазмено тридневље (хрватски – з.р.), во спомен на тајната на маките, смртта и воскреснувањето на Исус Христос.
Според Евангелието, Исус кој бил Евреин по потекло, е предаден неколку часа откако го споделил традиционалниот оброк Пасха со своите ученици. Осуден на смрт од римјанинот Понтиј Пилат, на плеќите го носел крстот до брдото Голгота надвор од ерусалимските ѕидини, цело време камшикуван, каде што бил распнат на крст.
Стариот град и Виа Долороса се наоѓаат во источниот дел од Ерусалим, кој е населен претежно со арапско население, а државата Израел го зазема во 1967 година.
Пред почнувањето на празниците, Израел ги затвори контролните пунктови преку кои може да се влезе на негова територија од окупираниот Западен брег, така што пристапот е ограничен само за хуманитарни и итни случаи.
Како и секоја година, Израел издаде пропусници за 500 христијани од Појасот Газа за може да влезат во Израел и на Западниот брег. Повеќе од 20 илјади христијани од целиот свет, и од сите конфесии, добија специјални дозволи за посета на Ерусалим до крајот на идната седмица, кога православните верници ќе го одбележа Велигден.
Христијаните претставувале повеќе од 18 отсто од населението што живее во Светата земја во 1948 година која е востановена државата Израел, а денес ги има помалку од 2 отсто.
Во Базиликата на Светиот Гроб, франкистанските калуѓери од петокот попладне за започнаа церемонијата на Исусовото положување во гробот. Според вековната традиција,, на ридот Голгота дрвената скулптура на Исус ја симнуваат од крстот, ја помазуваат и во процесија ја носат до гробот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Сателитски снимки пред и потоа ги откриваат вистинските размери на катастрофата во Дубаи: поплавите го запреа животот
Невидени обилни врнежи од дожд поплавија делови од Обединетите Арапски Емирати минатата недела, со што животот беше запрен во Дубаи и други делови од пустинското кралство. Како што пренесува Си-ен-ен, најголемите регистрирани поплави во ОАЕ биле толку интензивни што можеле да се следат со денови преку сателити од вселената откoga облаците се расчистиле и паднале последните капки дожд.
Во Дубаи – најнаселениот град во земјата, за 12 часа наврна дожд колку за една година, а околните области имаа речиси двојно повеќе врнежи за 24 часа.
Најобилни врнежи имаше во областите северно и источно од главниот град на земјата, Абу Даби. Вкупните врнежи од 100 до 200 милиметри беа вообичаени, но неколку локации забележаа речиси 250 милиметри дожд на квадратен метар.
Поплавите бргу се зголемија и полека се повлекуваа како резултат на историскиот потоп, кој беше најекстремниот настан во земјата од водењето евиденција пред 75 години. Помалку од два дена по престанувањето на дождот, сателитот „Ландсат 9“ помина над ОАЕ во петокот на 19 април и сними снимки од големи базени создадени од поплавите. Сателитот собира детаљни снимки од површината на Земјата и е управуван од НАСА и Геолошкиот институт на САД.
Темносините базени на фотографиите ги истакнуваат водите од поплавите, кои се во целосна спротивност на типично сувата почва во регионот, која изгледа кафеава или светлокафеава. Прикажаната поплава е во најјужниот дел на Дубаи, но високоурбанизираниот централен центар на градот не е заробен. Овие снимки се направени од сателитот „Ландсат 9“ и се обоени за да се потенцира присуството на вода на суво. Прикажаните бои не се толку верни како што би изгледале на самото место што гледа од вселената, но тие го олеснуваат забележувањето на разликите на површината.
Сателитот забележа и значителни поплави во Абу Даби. Малите, плитки водни тела се светлосини. Поголемите и подлабоки базени со вода од поплавите се темносини. Големи површини на сува, кафеава почва исто така стануваат зелени по врнежите. Ова веројатно покажува дека почвата во многу области ја задржала влагата од дождот, иако тие не биле целосно поплавени.
Силниот дожд е поврзан со поголем систем на бура минатата недела што го премина Арапскиот Полуостров и се пресели преку Оманскиот Залив. Истиот циклон донесе смртоносни поплави и во блискиот Оман, каде што загинаа најмалку 18 лица. Екстремните врнежи како овие стануваат сè почести како што се загрева атмосферата поради климатските промени предизвикани од човекот. Потоплата атмосфера може да апсорбира повеќе влага како крпа и потоа да ја ослободи во форма на обилни врнежи.
Свет
Медиумите јавуваат за инциденти: Русија ја бомбардира Русија
Воздухопловните сили на Русија фрлиле огромен број бомби на сопствена територија претходно овој месец, според извештајот на независните медиуми.
Како што пишува „Политико“, армијата на рускиот претседател Владимир Путин редовно ја бомбардира Украина од небо над пограничните региони, како што е Белгород, што доведе до инциденти со пријателски оган.
Минатата недела руските воздухопловни сили „фрлија“ ракета Х-59 во регионот на Белгород, на 92 километри од границата со Украина, објави доцна синоќа рускиот независен медиум „Астра“ на „Телеграм“, повикувајќи се на свои извори.
„Војската мораше да го уништи на лице место. Немаше жртви“, пишува Астра.
Вкупно, најмалку 21 воздушна бомба падна од руски авиони на Русија или на окупираните територии на Украина само во март и април, објави Астра.
„Нема точни одговори зошто ова продолжува да се случува“, напишаа новинарите.
На 2 април, руски бомбардер фрли експлозив во близина на железничката станица во Рубижнеј, град во окупираниот дел на регионот Луганск.
„Бројот на жртвите не е пријавен, преживеаните се евакуирани“, изјави во соопштението Артем Лисохор, шеф на украинската воена администрација во регионот Луганск.
На 20 април минатата година руска бомба падна во центарот на Белгород и создаде огромен кратер. Руското Министерство за одбрана преку соопштение објави дека „за време на летот на авионот Су-34 на воздухопловните сили над градот Белгород дошло до необичен пад на авијациска муниција“.
Свет
Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги
Уделот на граѓаните на ЕУ, кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет, е сè уште значително поголем од оние што купуваат е-книги, списанија или весници, покажува новото истражување на Евростат објавено по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, кој се слави на 23 април.
На ниво на ЕУ, во 2023 година, 13,4 отсто од оние што купиле на три месеци пред истражувањето платиле печатена книга преку интернет. Тоа беше повеќе отколку во 2022 година (12,7 проценти), но помалку отколку во 2021 година (14,5 проценти).
Во набљудуваниот период 7,2 отсто од граѓаните во ЕУ купиле е-книга во споредба со 6,6 отсто во 2022 година и слично како во 2021 година. Најголем процент граѓани што купиле печатена книга во трите месеци од 2023 година пред истражувањето е во Холандија, во Луксембург и во Ирска – над 20 отсто, а најмалите, само малку повеќе од еден отсто, на Кипар.
Во исто време, најголем број на оние што купиле е-книга е забележан во Данска – 22 отсто, а најмал на Кипар – помалку од еден отсто. Данска и Финска се единствените земји членки на ЕУ во кои повеќе луѓе купувале електронски отколку печатени книги.