Свет
Судан го бомбардираше Јужен Судан, тројца загинати
Авиони на силите на Судан во понеделникот одново го бомбардираа градот Бентиу, кој се наоѓа во соседен Јужен Судан, при што загинаа најмалку три лица.
Инцидентот се случи само три дена откако силите на Северен Судан целосно се повлекоа од подрачјето на спорните нафтени полиња Хеглиг, сместен на границата помеѓу двата Судана.Претставникот на јужносудаската разузнувачка служба, Мек Пол информираше дека два судански авиони од типот МиГ-29 исфрлиле четири бомби врз наведеното подрачје.„Се работи за сериозна ескалација на состојбата и задирање во територијата на Јужен Судан, што е чиста провокација“, изјави Пол. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.
Свет
(Видео) Руски борбен авион се урна кај Севастопол
Рускиот борбен авион Су-27 денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, а веста ја потврди и регионалниот гувернер Михаил Развозаев.
„Пилотот безбедно се катапултирал, а спасувачите на севастополската спасувачка служба го подигнале на оддалеченост од двесте метри од брегот. Цивилните објекти не се оштетени“, објави Развозаев на својот официјален канал.
Ein russischer Su-27 „Luftüberlegenheitsjäger“ ist vor der Küste Sewastopols brennend ins Meer gestürzt.
Russisches Militär behauptet Stock und Stein, dass es sich um einen „technischen“ Unfall und keinen versehentlichen Abschluss handelt.
Naaa ja. pic.twitter.com/8cWoc7jp4W— Julian Röpcke🇺🇦 (@JulianRoepcke) March 28, 2024
Се уште нема потврда како и зошто дошло до овој инцидент.
Медиумите првично објавија дека се урнал авионот Су-35, но се потврди дека се работи за моделот Су-27. Како што може да се види на снимката од несреќата, авионот се вртел во пламен на небото додека не паднал директно во Црното Море.