Свет
Во експлозија на исток од Нигерија најмалку седум мртви
Во експлозија во источниот нигериски град Џалинго убиени се седум лица а дванаесет се тешко ранети, пренeсува Reuters повикувајќи се на очевидци.
„Ја видов експлозијата. Нејзина цел очигледно беше началникот на полицијата кој минуваше во близината“ Меѓу седумте загинати го видов и мотоциклистот кој беше во обезбедувањето на конвојот на началникот“, изјавил за агенцијата по телефон Бен Адаџи, уредник на локален весник.
„Експлозијата се случи меѓу зградата на министерството за финансии и седиштето на полицијата“, изјавил за агенцијата началникот на локалната спасувачка служба Ибрахим Фаринлое.
Џалинго е главен град на сојузната држава Тараба којашто се граничи со Камерун и важи за релативно мирна, за разлика од другите делови на Нигерија.
Оваа експлозија следеше еден ден откако во неделата во градот Кано, вториот по големина град во Нигерија, во напад на милитантите на локалниот универзитет за време на христијанската богослужба убиени 21 луѓе. Досега никој не ја преземе одговорноста за двата напада во Кано.
Во јануари, во градот Кано исто така во северниот дел на Нигерија, беа извршени четири бомбашки напади во близина на локалните полициски станици во коишто загинаа околу 180 луѓе, за коишто одговорноста ја презема радикалната исламистичка група Боко Харам. По нападите на нигериските власти уапсија околу 200 лица осомничени за инволвираност во нападите.
Кон средината на јануари истече ултиматумот кој исламистичката група Боко Харам им го даде на христијаните да го напуштат главно муслиманскиот север на Нигерија.
Бранот на насилство ја зафати Нигерија од мај 2011 година кога на претседателските избори, победи христијанинот Гудлак Џонатан кој доаѓа од западниот дел од земјата. Претседателот Џонатан, кој има целосна поддршка на југот, но освои и милиони гласови на северот, вети формирање влада која ќе ги вклучи сите политички, етнички и религиозни групи и која ќе се обиде да ги смири недоразбирањата и тензиите.
Во сојузната нигериска држава Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население, од пред десет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Боко Харам е бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларна модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и против седиштето на ОН во главниот град Абуџа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Свет
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок
Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.
Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.