Свет
Десетици уапсени на собирите на движењето Окупирај го Волстрит
Неколку десетици луѓе се уапсени во вторникот низ САД на собирите на движењето Окупирај го Волстрит на Меѓународниот ден на трудот, јавуваат агенциите.
Иако повеќето од собирите во САД минале мирно, па дури и во фестивалско расположение, до судири меѓу демонстрантите од движењето Окупирај го Волстрит (Occupy Wall Stree) и полицијата дошло во Њујорк, Окленд и Сиетл.
Движењето коешто минатата година го привлече вниманието на светската јавност кога неговите приврзаници осум седмици не се тргнаа од њујоршки Менхетен, најави дека во вторникот ќе организира глобални протести за да го насочи светското внимание кон алчност ана корпорациите.
Во Њујорк, каде што и започна движењето Окупирај го Волстрит, уапсени се триесетина луѓе по серијата помали судири со полицијата коишто траеја речиси целиот ден,. Неколку илјади луѓе се собраа на њујоршкиот Јунјон Сквери мирно протестираа, а околу 400 од нив повеќето во црна облека и со маскирани лица, се одвоиле од групата и се упатиле кон Бродвеј каде што се судриле со полицијата.
Во Окленд се уапсени девет лица, откако полицијата со солзавец морала да ја растера групата демонстранти коишто ги гаѓале со разни предмети.
Во центарот на Сиетл, демонстрантите носејќи црни знамиња и стапови, скршиле неколку продавници, вклучувајќи и една компанијата за производство на спортска облека и обувки Nike и на банката HSBC. И во Сиетл се уапсени околу десет лица.
Приведени имало и во Лос Анџелес, поради блокирање на автопатот кој води кон меѓународниот аеродром, како и во Портланд каде дошло до судир со полицијата.
Насилството и вандализмот им се припишува на анархистите коишто се уфрлиле во движењето Окупирај го Волстрит, коешто во почетокот организираше мирни протести, и редовно се судираат со полицијата, пишуваат американските медиуми.
Организаторите на протестите од вторникот се многу задоволни од одѕивот на демонстрациите на 1-ви мај низ цела Америка, и велат дека овие протести дефинитивно покажуваат на повторно заживување на движењето коешто го загуби првичниот полет од мината есен.
Кампањата „Окупирај го Волстрит“ започна во Њујорк на 17-ти септември 2011 година. Демонстрантите протестираат против безработицата, владините политики и финансиски институции, нарекувајќи ги „финансиски терористи“, а, исто така, тие бараат и повисоки даноци за богатите. Активистите веруваат дека дејствуваат во име на мнозинството од населението на САД (оттука друго име за движење е „99 отсто“). Наскоро потоа слична кампања започна и во неколку други западни земји, како Канада, Австралија, Германија, Велика Британија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.