Свет
Експлозии во Дамаск и Алепо
Автобус налетал на мина на периферијата од градот Алепо во северна Сирија, при што загинале најмалку три лица, а претходно во саботата одекнале ексползии во главниот град Дамаск.
Експлозијата се случила во едно од најсиромашните предградија на Алепо, а како што пренесува AFP повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, бројот на жртвите може да биде и поголем. Според државната сириска агенција SANA, пак, во експлозијата се повредени четири лица, а загинал еден припадник наполициската патрола којашто била цел на нападот.
Агенцијата јавува дека „вооружени терористички групи“ отвориле оган врз автомобили во градот Дара’а при што раниле едно лице.
Експлозивна направа беше активирана во Дамаск, но нема информации за загинати. Во близината на градот Идлиб, во истоимената провинција биле пронајдени две моќни експлозивни направи поставени на железничката линија во областа Бишмарун.
Бомба била отктиена и во градот Деир-Езор, поставена меѓу локалната џамија и воена болница.
Во селото Мавки во областа Мараат ал-Нуман, исто така, во провинцијата Идлиб, биле убиени двајца офицери на сириската армија.
Трианесетмесечните судири во Сирија продолжуваат и поркај тоа што на сила е прекинот на огнот според планот на специјалниот пратеник за оваа земја на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан.
На 15-ти април во Сирија пристигна првата група воени невооружени набљудувачи со мандат од ОН, коишто ќе го набљудуваат спроведувањето на мировниот план на Анан, а чија бројност треба да изнесува 300.
И покрај забелешките на западните земји дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад не покажува волја за надминување на крвавиот 13-месечен конфликт во кој според процените на Обединетите нации загинале над девет илјади лица, портпаролот на специјалниот пратеник за Сирија, Ахамд Фавзи, изјави дека има „сигнали за прогрес во имплементацијата на мировниот план“ на Кофи Анан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.