Контакт

Свет

ЕУ и Анан ги осудија нападите во Дамаск

Објавено пред

Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон и специјалниот меѓународен пратеник за Сирија, Кофи Анан во четвртокот остро го осудија терористичкиот акт од денеска, како и обидот за напад врз набљудувачите на ОН од средата.

dobivaj vesti na viber

„Ние решително ги осудуваме овие терористички акти“, изјави портпаролот на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

„Овие грозоморни дела се целосно неприфатливи, насилството во Сирија треба да се сопре“, се вели во текстот од писмената изјава на специјалниот пратеник за Сирија на Обединетите нации и Арапската лига, поранешниот генерален секретар на ОН, Коги Анан, издадено од неговата канцеларија во Женева.

Во четвртокот наутро на патот што води кон меѓународниот аеродром крај сириската престолнина Дамаск, се случија две експлозии. Се претпоставува дека цели на нападите изведени со автомобили-бомби биле два комплекса на сириските разузнавачки служби, меѓутоа најголем број од жртвите се цивили, работници и ученици, јавуваат сириските медиуми.

Според последните информации што ги пренесува Reuters повикувајќи се на извор во сириското министерство за внатрешни работи, во двете експлозии загинале најмалку 55 лица а ранети се 372 луѓе. Претходните информации говореа за најмалку 40 мртви и над 170 повредени.

Набргу по експлозиите на местото на нападите пристигна шефот на набљудувачката мисија на ОН, норвешкиот генерал-мајор Роберт Муд, кој изрази искрено сочувство до сирискиот народ и семејствата на жртвите.

Генералот Муд, во изјавата за медиумите дадена на местото на двете експлозии, ги повика сите оние кои стојат зад овие експлозии, без разлика дали се од Сирија или од странство, „да сфатат дека ваквите експлозии единствено предизвикуваат повеќе страдање за Сиријците и дека треба да престанат со овие грозни дела и на Сиријците да им дадат шанса да продолжат во правец на мирот без притоа да страдаат невини луѓе“, пренесува агенцијата SANA.

Овие експлозии се случија ден откако во средата експлодираше бомба недалеку од конвојот на набљудувачите на Обединетите нации. /крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Објавено пред

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, изјави дека се оштетени најмалку 14 станови, пренесе агенцијата „Униан“.

Целта на руските беспилотни летала беше и Киев, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.

Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Николаев.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Ако француските авиони можат да го заштитат небото на Израел, зошто да не и нашето

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја очекува посетата на неговиот француски колега Емануел Макрон на Киев за да разговара со него во врска со неколку точки на соработка, особено како најефективно да се зајакне заштитата на украинското небо.

dobivaj vesti na viber

„Ако француските авиони со француски пилоти можат да го заштитат небото на Израел, зошто француските авиони не можат да го заштитат небото на Украина. Но, во секој случај, неопходно е таквите иницијативи да доаѓаат од личноста од која зависи одлуката. И Емануел Макрон сè уште не разговарал за овие точки со мене. Тој вети дека ќе дојде во Киев и тука ќе имаме можност да го направиме тоа“, изјави претседателот на Украина во интервју за познатиот француски медиумски блогер Хуго Травер, на прашањето за можноста за испраќање француски војници во Украина.

Зеленски изјави дека не е во надлежност на украинскиот претседател да ја повика француската армија во Украина.

„Немам право да кажам дека утре француската армија треба да биде во Украина со полна сила и да се бори за нас, едноставно немам право на тоа и затоа никогаш не го покренав ова прашање“,  рече тој.

Што се однесува до другите точки на соработка, како што наведе, тие се пред се мисии за обука на воени инструктори од Франција, пренесува Укринформ.

Макрон требаше да ја посети Украина во февруари, но потоа посетата беше одложена, според медиумите, од безбедносни причини. Подоцна, средината на март беше спомната меѓу можните датуми.

Зеленски рече дека е уверен оти ќе се најде формат за разговор со Русија за одлуките што водечките земји во светот ќе ги договорат на Мировниот самит во Швајцарија, кој беше најавен за 15 и 16 јуни.

– Ако по првиот самит заминеме со разбирање дека имаме точки за кои сите се согласуваме… Ако на маса има земји кои навистина сакаат мир и бараат праведен мир од Русија, тогаш документ со нашата визија ќе биде подготвени и ќе дојде моментот кога за тоа ќе се разговара со претставници на непријателот – рече Зеленски.

Според Зеленски, повеќе од 80 земји во светот ќе можат да постигнат договор за најмалку три точки од Формулата за мир.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија

Објавено пред

За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.

Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.

Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет21 минута

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија14 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија15 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија16 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија17 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија19 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија19 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија21 час

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија21 час

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија21 час

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија22 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа22 часа

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа23 часа

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...

Свет1 ден

Нетанјаху планира да го нападне Рафа: „Ќе му нанесеме нови тешки удари на Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им вети на Израелците дека ќе го засили „воениот притисок“ врз Хамас „во наредните денови“,...

Европа1 ден

(Видео) Украина: Погодивме руски спасувачки брод на Крим

Војската на Украина вчера соопшти дека погодила и оштетила еден од најстарите руски спасувачки бродови во Севастопол, базата на руската...

Свет1 ден

Пет ракети лансирани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Пет ракети биле истрелани вчера од ирачкиот град Зумар кон базата на американската армија во североисточна Сирија, соопштија два ирачки...

Свет1 ден

(Видео) На Шри Ланка автомобил влета во гледачите за време на трка, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа, а 21 се повредени кога автомобил влета во гледачи за време на автомото трка организирана од...

Македонија2 дена

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да...