Свет
Објавени цензурираните делови од сослушувањата за 11-ти септември
Пентагон ги објави изјавите од солушувањата за нападите на Ал Каеда врз САД од 11-ти септември 2001 година, коишто во саботата во Гвантанамо беа цензурирани за време на говорот, бидејќи се однесуваа на тортурата на обвинетите, јави AFP во четвртокот навечер.
Пентагон соопшти дека цензурирањето се случило случајно, забележува агенцијата.
Во текот на солушувањето во Гвантанамо, Мајкл Шварц, адвокат на еден од петмината обвинети за нападите од 11-ти септември, му образложувал на судијата зашто неговиот клиент Валид Бен Атах не сакал да ги стави слушалките за предвод додека траела расправата на арапски јазик.
„Тоа е поради измачувањето на коешто мојот клиент бил подложен од мажи и жени, снагаторите на ЦИА“, рекол адвокатот според цензурираните сега објавени транскрипти од судењето објавени на интернет страницата на воениот суд.
Капетанот Шварц алудирал на изјавата на поранешниот директор за операции на ЦИА, Хозе Родригез кој неодамна ги оправдуваше „засилените методи за испитување“ коишто ги одобрила администрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот, за применување во тајните затвори на американската разузнавачка агенција (CIA- ЦИА). Поранешниот шеф на агентите на агенцијата, за телевизиската мрежа CBS зборуваше за „снагаторите“ со коишто се користела американската администрација за да ги натера затворениците, обвиенти како „неприајтелски борци“, да прозборат.
Новинарите и семејствата на жртвите коишто седеле во судницата зад застаклена бариера, не можеле да ја слушнат изјавата на Шварц бидејжи била цензурирана.
Во Гвантанамо и во уште други четири американски воени бази каде се пренесувале расправите, звукот од судницата излегувал 40 секунди по сликата. Тој интервал му овозможувал на судскиот полицаец да го притисне копчето „kill switch“ за да не се слушнат изјавите со „чувствителна содржина“.
„Главниот обвинител, сведокот на таа изјава, нареди испуштениот дел што побрзо да биде објавен“, изјави Тод Брисил, портпарол на Пентагон.
„По темелната проверка, канцеларијата за воени судови ја призна грешката“, додал и истакнал дека сега содржините на расправите во целост се достапни за јавноста./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира брзо, изјави за Телеграф.рс Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока, бидејќи ја чешла секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини, бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
– Би можело да биде се, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата, вели Ницовиќ за српски Телеграф.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четврти ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија пристигна тешка механизација која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Свет
Во Таџикистан се уапсени девет лица поврзани со масакрот во Москва
Таџикистан уапси девет лица осомничени дека се поврзани со масовното пукање во руската концертна сала минатиот петок, како и милитантна исламистичка група која ја презеде одговорноста за нападот, изјави таџикистански безбедносен извор за Ројтерс. Четворицата осомничени напаѓачи зад најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години се државјани на Таџикистан. Тие беа уапсени со уште седум други осомничени, од кои некои исто така потекнуваат од поранешната советска централноазиска земја.
Одборот за државна безбедност на Таџикистан приведе девет лица во градот Вахдат. Осомничените сега се во главниот град Душанбе, рече изворот, но не даде детали. Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва.
Таџикистан, член на безбедносниот блок предводен од Русија и дом на руската воена база, ги собра семејствата на осомничените напаѓачи за да можат да бидат испрашани од руските истражители во Душанбе, изјавија извори за Ројтерс.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала, а американските официјални лица рекоа дека имаат разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека нападот го извршил авганистанскиот огранок на мрежата, Исламската држава Хорасан (ИСИС-К).
Руските истражители вчера објавија дека пронашле докази дека напаѓачите се поврзани со „украински националисти“. САД веднаш го отфрлија тврдењето како неоснована пропаганда. Киев остро негираше каква било вмешаност во нападот на концертната сала.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.