Свет
Убиен главниот авганистански преговарач
Вооружени напаѓачи во неделата во авганистанската престолнина Кабул г оубиле главниот авганистански преговоарач.
Убиството на Мулави Арсала Рахмани, поранешен минстер во режимот на талибаните, беше еден од главните членови на авганистанскиот Висок мировен совет, кој пред две години го формираше претседателот Хамид Карзаи за покренување на мировните преговори со бутновниците, претставува тежок удар за настојувањата да се постигне договор со талибаните.
„Автомобилот на Рахмани беше во сообраќаен застој, кога од соседен автомобил на него е отворен оган“, изајви генералот Мохамад Захир, началник на истражниот оддел на авганистанската армија.
„Косо време по напуштањето на неговиот дом, тој беше погоден со еден куршум од автомобил со кој се разминувал“, изјави за AFP Мухамед Варис, внук на убиениот Рахмани.
Иако за ова убиство се осомничени талибаните коишто ја најавија во април својата пролетна офанзива, нивниот портпарол Забиулах Муџахид ја негирал вмешаноста на талибаните во убиството на Рахмани, иако тие ги одбиваат мировните преговори со Карзаи кого го сметаат за американски поданик.
Како што пишува агенцијата повикувајќи се на неименуван висок фунционер од авганистанската безбедност Рахмани „неодамна воспоставил контакти со високи талибански лидери“.
Рахмани кој беше министер за високо образование во врмето на талибанскиот режим од 1996 до 2001 година, и’ се приклучи на владата на Карзаи, откако талибаните беа соборени од власта по инвазијата на меѓународната коалиција по нападите од 11-ти септември 2001 година врз САД. Тој беше еден од неколкуте функционери на талибанскиот режим кои во јули минатата година беа симнати од листата за санкции од Обединетите нации по инсистирање на претседателот Карзаи.
За Рахмани беше познато дека одржува врски со некои талибански лидери и по пристапувањето на владата на Карзаи. Пред да се приклучи на Совето, поранешниот талибански функционер беше член на Сенатот предложен од претседателот.
Неговото убиство е втор голем удар за една година за Карзаи кој поддржан од САД се обидува да почне мировни преговори со бунтовниците. Во септември минатата година во самоубиствен бомбашки напад беше убиен претходниот претседател на Советот, Барханудин Рабани. Во април Карзаи го назначи синот на Рабани, Салхудин Рабани кој има американско образование, да го замени на функцијата својот татко. /крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
11 канали на „Телеграм“ блокирани во Русија поради терористичка содржина
Руската агенција за следење на комуникациите „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на платформата „Телеграм“ поради терористичка содржина во последните два дена, објави агенцијата РИА.
„Од терористичкиот напад во концертната сала ‘Крокус сити хол’ спроведуваме насочен мониторинг. Ги бележиме фактите за намерното ширење разни невистини по терористичкиот напад – фалсификати и повици за екстремистички активности“, соопшти „Роскомнадзор“.
РИА наведува дека на барање на „Роскомнадзор“ биле отстранети околу 600 документи со терористичка содржина или има забранет пристап до нив.
Регион
Кризата во Бугарија продолжува: никој не може да формира влада, на повидок се нови избори
Претставниците на партијата Има таков народ, денеска, на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, со што се отвора патот за закажување вонредни парламентарна избори.
Мандатот што ѝ беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува Бугарското радио. Претседателот Радев сега треба да го одреди датумот на предвремените избори за парламентот откога неисполнети му беа вратени трите мандати за формирање влада.
На изборите во април минатата година ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, коалицијата предводена од партијата Продолжуваме со промените освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.
Првиот мандат Радев ѝ го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формира влада, мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.
Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков.
Третиот мандат за состав на влада, според бугарскиот Устав, претседателот го доверува на една од другите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од 7 дена. Според Уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеца.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролет март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источен Медитеран. Типична песочна бура со дострел од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони“, објаснува директорот на Грчката метеоролошка служба, Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена, истакнаа од Грчката метеоролошка служба.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува Сојузот.