Свет
Иран и МААЕ ги оценија преговорите како „многу полезни“
Преговорите меѓу Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) и Иран во понеделник во Техеран биле „многу полезни“ и поминале во „пријатна атмосфера“.
Ова го истакнале Јуки Амано, директор на МААЕ и главниот ирански преговарач Саид Џалили, пренесе иранската државна телевизија.
Амано додаде дека „напредокот во преговорите(со МААЕ) сигурно поволно ќе влијае врз преговорите меѓу Иран и шесторката“ за спорната иранска нуклеарна програма, закажани за во среда во Багдад.
Џалили, пак, ги нарече преговорите „многу добри“ и поттикнувачки за иднината на врските меѓу Техеран и МААЕ. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.