Свет
Пратка оружје од Русија на пат за Сирија
Руски товарен брод со пратка оружје патува кон Сирија каде треба да пристигне во текот на викендот, објави панарапската сателитска телевизија Al Arabiya, во информацијата којашто западни дипломати во Њујорк ја оценија како веродостојна.
„Al Arabiya дознава дека руски товарен брод кој превезува големо количество оружје планира својот товар да го истовари во сириското пристаниште Тартус“, пренесе арапската телевизија на својата итнернет страница.
Според информацијата рускиот брод испловил на 6-ти мај и во неа се наведува изјава на „западен извор“ дека тој во сабота ќе се вкотви во Тартус. „Бродот се обидува своето конечно одредиште да го прикрие на сомнителен начин“’, наведува Al Arabiyа во веста која добила потврда од западни неименувани дипломатски извори.
Еден дипломат за агенцијата Reuters изјавил дека бродот „Професор Кацман“ е во сопственост на малтешка фирма којашто е во сопственост на кипарска компанија, а којашто пак е во сопственост на руска компанија. Дипломатите рекле дека руската компанија може да работи за рускиот државен извозник на оружје Рособоренекспорт.
Руското минситерство за одбрана соопшти дека нема никакви информации дека брод со оружје плови за Тартус, одбивајќи дополнително да го коментира прашањето.
Сирија е еден од главните купувачи на руско оружје. САД и Европската унија сугерираа во петокот дека Советот за безбедност при Обедиентите нации би требало да воведе ембарго за увоз на оружје и други санкции за Сирија, поради 14-месечните операции на сирискиот режим против продемократската опозиција којашто сака да го симне од власта претседателот Башар ал-Асад. Русија и Кина, во два наврата го искористија правото на вето во Советот за безбедност за да блокираат носење резолуција со којашто ќе се осуди само режимот на претседателот Асад. Во својот извештај за ситуацијата во Сирија, мисијата на ОН за кршењето на прекинот на огнот предвиден со планот на специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига, Кофи Анан, подеднакво ги обвини и силите на режимот и вооружената опозиција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.