Свет
Ромни обезбеди претседателска кандидатура
Мит Ромни во вторникот и дефинитивно си ја обезбеди претседателската кандидатура на републиканците на следните претседателски избори во САД, откако убедливо победи на внатрепартиските избори во сојузната држава Тексас.
Така, Мит Ромни ќе му се спротистави на актуелниот американски претседател Барак Обама како кандидат на Демократската партија на изборите што ќе се одржат на 6-ti ноември годинава.
Со новите 155 делегати кој му ја дадоа поддршката во американската сојузна држава Тексас, Ромни стигна до потребната квота од 1.144 делегати и така формално победи на изборите во Републиканската партија за претседателска номинација, на коишто водеше од самиот почеток.
Неговата кандидатура ќе биде официјално потврдена на партиската конвенција кон крајот на август.
„Нашата партија се обедини со цел да го исправи грешките коишто ги направивме во последните три ипол години. Знам дека пред насе е тешка задача, но без оглед на предизвиците нема да прифатиме ништо освен со враќање на Америка на патот на целосна вработеност и напредок“, рече Ромни.
Иако Мит Ромни, според повеќето американски политички аналитичари во претседателската трка со Барак Обама влегува како аутсајдер, некои прогнози покажуваат дека изборите во ноември ќе бидат многу неизвесни./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.