Свет
САД шират разузнавачка мрежа во Африка
САД го зголемуваат бројот на американските тајни разузнавачки операции во Африка, вклучувајќи и ширење мрежа од мали воздухопловни бази за следење на активноста на терористите, пишува во четвртокот интернет изданието Washington Post.
Според весникот, од 2007 година САД во Африка изградиле повеќе од десет мали аеродроми, на кои под маската на приватни авиони, разместува мали извидувачки летала, опремени со голем број сензори, вклучувајќи камери, термовизори и апаратура за радио комуникација.
Според информациите до кои дошол весникот од неименуван офицер во американското разузнавање во регионот, бројот на операции извршени од страна на американските воени единици во Африка се зголемил последните месеци во рамките на ткн „војната во сенка“ со радикалните исламистички групации поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и други групации коишто дејствуваат во овој дел од црниот континент.
Соговорникот на весникот потенцира дека претставници на специјалните единици на вооружените сили на САД се активни во многу земји низ целиот свет, а не само во воените зони.
Главниот центар за американската разузнавачка мрежа во Африка е воздухопловната база во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу, каде во рамките на програмата под кодно има „Поточен песок“ (Creek Sand) се ангажирани десетици американски војници. Шпионските летала од базата во Уагадугу прелетуваат стотици километри извршувајќи ги своите миси во Мали, Мавританија и во пустината Сахара, каде што се кријат милитантите од терористичката организација ткн Ал Каеда во исламскиот Магреб.
Ал-Каеда во исламскиот Магреб“ е една од најопасните терористички организации во Западна Африка. Нејзините припадници преземаат многу смели и жестоки акции, вклучувајќи киднапирања и убиства на странци./крај/вп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.