Свет
Израел продолжува со изградбата на ѕидот на западниот брег
Израелската армија ќе продолжи следната седмица со градењето на ѕидот на раздвојување на Западниот брег, што беше прекинато пред пет години, објави во четвртокот израелското државно радио повикувајќи се на изјава на офицер.
Во прво време работата ќе продолжи околу населбата во секторот Гуш Ецсион во близина на градот Витлеем. Следните години градењето ќе се прошири околу Маале Адоумим, источно од Ерусалим, истакнал полковникот Офер Хинди.
Офицерот задолжен за подигнување на ѕидот, ги изнел деталите за изградбата пред Врховниот суд на Израел, највисоката правосудна инстанца во земјата, којашто повеќепати во минатото наредуваше модификација на трасата на ѕидот по протестите што доаѓаа од палестинска страна.
Работите на ѕидот на раздвојувањето беа прекинати пред пет години по „буџетските проблеми“ и протестите на Палестинците. Дневниот весник Yediot Aharonot истакнува, пак, дека до прекинување на изградбата на ѕидот дошло поради притисокот на меѓународната заедница, како и дека израелските функционери очекуваат критики во светот по продолжувањето на остварувањето на проектот.
Подигнувањето на израелската бариеа која навлегува на територијата на палестинската енклава на Западниот брег, започна во 2002 година, по бранот крвави палестински напади. Досега се завршени 400 од предвидените околу 760 километри од ѕидот.
Меѓународниот суд на правдата во својот документ од 9-ти јули 2004 година, оцени дека е незаконско градењето на овој ѕид и побара негово уривање, што го побара и Генералното собрание на Обединетите нации./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.