Свет
Аргентинскиот диктатор доби 50 години за одземање бебиња
Поранешниот аргентински диктатор сега на 86-годишна возраст Хорхе Видела осуден е во четвртокот во Буаенос Аирес на 50 години затвор поради одземање бебиња од противниците на диктатурата.
Хорхе видела беше на чело на хунтата којашто владееше со Аргентина во периодот од 1976 до 1981 години. За истото дело на 15 години затвор е осуден и еден од неговите сообвинети, диктаторот Рејналдо Бињоне, сега на 84 години, кој владееше од 1982 до 1983 година.
Судот одлучи да го „осуди поранешниот генерал Хорхе Видела на 50 години затвор, а поранешниот генерал Рејналдо Боњоне на 25 години затвор“, прочита претседателката на судот Мариа Рокета пред преполната судница.
Во судницата се наоѓаше и Естела де Карлото , лидерката на организацијата „Бабите од Плаза де Мајо“, која е заслужна за откривањето на идентитетот на 105 деца на противниците на тогашниот аргентински режим, украдени од родителите во време на диктатурата на Видела и Бињоне, предадени на чување во семејства блиски на воената хунта, пренесува AFP.
Пред џиновскиот екран поставен спроти судот, стотици лица блиски на жртвите, деца на противниците на хунтата и активисти за заштита на човековите права, ги дочекале овие пресуди со солзи, песни и извици на радост, по годините судење.
Затворски казни меѓу 15 и 40 години се пресудени уште за неколкумина обвинети во овој случај, исто така кривично гонети дека учествувале во „систематскиот план“ за крадење и присвојување бебиња од противниците на режимот.
Генералот Хорхе Видела веќе отслужува две доживотни затворски казни поради злосторства против човечноста. Рејналдо Бињоне, исто така, отслужува две казни, една доживотна и една на 25 години, поради кршење на човековите права.
Од февруари 2011 година од почетокот на процесот за „систематското крадење“ и присвојувања бебиња, вкупно пред судот беа изведен и 11 лица.
Организацијата „Бабите од Плаза де Мајо“ проценува дека бројот на украдените и присвоени бибиња во текот на аргентинската диктатура изнесува околу 500-ини./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.