Свет
Во судир меѓу полиција и напаѓачи 11 загинати во Мексико
Во заседа во којашто упаднал полициски конвој во западната сојузна мексиканска држава Синалоа во понеделникот во престрелката биел убиени седум полицајци и четири напаѓачи, соопшти федералната полиција.
Две полициски возила биле нападнати на патот меѓу градовите Лос Мочис и Ел Фуерте, соопшти полицијата.
Мотивот за нападот засега не е познат, но е изведен на начин на кој се пресметуваат меѓусебно припадниците на завојуваните наркокартели, соопштија функционери од државата Синалоа.
Во Синалоа е седиштето на најстариот и најмоќен мексикански картел кој го предводи најбараниот човек во Мескико – Хоакин „Ел Чапа“ Шорти Гузман.
И во другите мексикански региони во понеделникот имаше брутални насилства. Така, во градот Тореон во северниот дел од земјата се пронајдени масакрирани тела на седум лица, крај кои била оставена порака вообичаена за криумчарите на дроги, а во западната држава Мичоакан полицијата откопа шест тела од две одвоени гробници.
Експертите се согласуваат дека масовните убиства се поврзани со нарко картелите кои водат меѓусебна војна за превласт на териториите во државите Синалоа и Халиско. Имено во Синалоа, својата криминална кариера ја започна еден од најбараните луѓе од страна на властите на Мексико и САД, наркобаронот Хоакин Гузман Лохер – Шорти.
Своевремено за информации коишто ќе доведат до апсење на Лохер, кој го предводи Картелот од Синелоа, САД објавија награда од 5 милиони долари. Тоа беше една од најголемите награди во историјата на меѓународната борба против трговијата со дрога. Според рејтингот на милијардерите што го прави магазинот Forbes, Шорти е еден од највлијателните луѓе во светот, кој речиси сам ги контролира сите американски пазари на кокаин. Годишниот приход на Шорти од илегалното пренесување дроги во САД, според магазинот, изнесува 323 милиони долари.
Откако во 2006 година на власт дојде досегашниот мексикански претседател Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелите учествтва со 50 илјади свои припадници од разни родови.
Во војната од 2006-та досега во пресметките во Мексико се убиени повеќе од 50 илјади лица. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.
Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Големата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири меѓу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.