Свет
ЕУ подготвува нови санкции за Сирија
Европската унија подготвува нови санкции за режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад коишто треба да бидат прифатени идната седмица, пренесува во понеделникoт AFP повикувајќи се на дипломатски извори.
Седмицава, според истите извори на агенцијата, ќе почнат консултациите за нови личности и субјекти коишто ќе бидат опфатени со новите европски санкции за сириските власти. Исто така, можно е воведување и економски санкции.
Последниот пакет санкции за Сирија, шеснаесетти од почетокот на конфликтот во март 2011 година, Европската унија го донесе кон крајот на јуни на состанокот на министрите за надворешни работи на состанокот во Луксембург.
Досега цел на санкциите се 129 сириски личности, меѓу кои и претседателот Башар ал-Асад, за коишто е издадена забрана за издавање визи за патување во земјите членки на Европската унија, како и за замрзнувањето на нивниот имот во европските држави. Под дејство на европските санкции, исто така, се и 49 компании и правни тела од Сирија.
„Работиме на нов пакет санкции за Сирија, но уште не знаеме што точно тие ќе вклучуваат“, рекол еден од изворите на AFP, додека други соговорник на агенцијата додал дека „разговараме за списокот со имиња на личности и субјекти, како и за списокот со економски санкции“.
Новите санкции коишто се во подготовка ќе бидат поднесени пред министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ коишто на 23-ти јули треба да се сретнат во Брисел./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.