Контакт

Свет

Две сириски групи ја преземаа одговорноста нападот во Дамаск

Објавено пред

Две бунтовнички сириски групи ја преземаа одговорноста за нападот во средата во главниот град Дамаск во кој беа убиени неколку високи државни функционери, објавувајќи дека извршиле „успешен напад во самото срце на владата“ на претседателот Башар ал-Асад.

dobivaj vesti na viber

Сириската државна телевизија потврди дека во терористичкиот самоубиствен бомбашки напад е убиен министерот за одбрана Дауд Раџа, како и Асеф Шаукат, заменик на министерот за одбрана и шура на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Како што пренесе PRESS TV во нападот е убиен и генералниот директор на Бирото за државна безбедност на Сирија, Хишам Ихтијар.

Министерот за внатрешни работи Мухамед ал-Шар е ранет но неговата ситуација е стабилна, додека челникот на разузнавачките служби Хишам Бекхтијар се наоѓа на операција.

Повикувајќи се на изјави на очевидци Reuters пишува дека станува збор за пет експлозии. Една од експлозиите се случила во областа каде што била дислоцирана дивизија со којашто командува братот на претседателот Башар ал-Асад, Махер.

Во средата наутро, бомбаш-самоубиец се разнесе во зградата на националната безбедносна служба во време кога се одржувал заеднички состанок на сириските безбедносни служби и министри на сириската влада. Според AFP напаѓачот го активирал ткн „самоубиствен појас“ прицврстен на неговото тело токму во просторијата во којашто се одржувала средбата.

Двете бунтовнички групи тврдат дека го извеле главниот напад и тоа го прогласија како победа над најтесниот круг соработници на претседателот Асад кој досега се сметаше за недопирлив.

Исламистичката бунтовничка групација Лива ал-Ислам (Бригади на исламот) во својата изјава дадена на профилот на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека нејзина цел била „ќелијата наречена кризна контролна соба во престолнината Дамаск“ „Со радост го известуваме народот на Сирија а особено жителите на престолнината, дека Бирото за национална безбедност, кое ја вклучува таканаречената ќелија за кризни ситуации, бригадата на Сајед ал-Шухад на Лива ал-Ислам го нападнаа со експлозивна направа“, се наведува во текстот во кој уште се додава дека се „убиени неколку столбови на режимот“.

Слободната сириска армија, исто така, ја презема одговорноста за нападот, а според портпаролот Касам Садедин „Тоа е вулкан за кој зборувавме, туку што го почнавме“.

Извор од сириските безбедносни служби за Reuters изјавил дека припадник на обезбедувањето на потесниот круг соработници на претседателот Асад го детонирал експлозивот на состанокот на министрите и главните луѓе на безбедносните служби и на воени офицери.

За агенцијата претставник на Бригадите на исламот во телефонски разговор ја потврдил информацијата, но негирал дека станува збор за самоубиствен напад. „Да, нападнавме, но немаше бомбаш самоубиец“, изјавил претставникот на исламистичката група кој побарал агенцијата да го именува како Абу Амар. „Нашиот човек успеа да ја постави импровизираната експлозивна направа во зградата пред одржувањето на состанокот. Ова го планиравме повеќе од еден месец“, додал Амар./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Објавено пред

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.

dobivaj vesti na viber

Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.

Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.

Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.

Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.

Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.

Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.

Прикажи повеќе...

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Објавено пред

Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.

Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Објавено пред

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.

Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.

Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.

– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.

Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.

Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.

„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.

Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија2 часа

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет2 часа

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија2 часа

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион5 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет6 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија6 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет6 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија7 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија7 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија8 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија19 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија19 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија19 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија20 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија1 ден

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија1 ден

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...