Свет
Ромни води во анкета пред Обама
Новата анкета на американската телевизиска мрежа CBS и на весникот The New York Times покажа дека најверојатниот претседателски кандидат на републиканците Мит Ромни, се наоѓа во минимално водство пред актуелниот претседател Барак Обама кого демократите го номинираат за втор мандат.
Во анкетата Мит Ромни води со 47 отсто наспроти 46 отсто од гласовите за Барак Обама, со четири проценти неодлучени избирачи.
Другите резултати од испитувањето на расположението на американските гласачи, на три ипол месеци пред претседателските избори на 6-ти ноември, покажуваат дека Ромни води меѓу мажите со осум проценти предност, додека Обама води кај жените гласачи со пет процентни поени.
Поддржувачите на Обама дури 52 отсто изјавиле дека „силно“ го поддржуваат, додека за Ромни таквата поддршка изнесува 29 отсто.
Повеќе од третина од регистрираните избирачи изјавиле дека го поддржуваат Ромни, бидејќи не им се допаѓа Обама, доека само осум отсто од анкетираните изјавиле дека го поддржуваат Обама поради одбивноста што ја чувстуваат кон Ромни.
Републиканците покажуваат повеќе ентизијазам во однос на претседателските избори. Околу половината од испитаниците републиканци изјавиле дека се поголеми ентузијасти отколку на претходните претседателски избори, во споредба со 27 отсто кај демократите.
Еден од петмината анкетирани избирачи одговорил дека може да го промени мислењето пред самите избори, а процентот гласачи кои тоа го изјавиле е ист и за двата претседателски кандидата.
Повеќето од избирачите, околу 54 отсто, изјавиле дека економијата и работните места се „извонредно“ важна тема на овие избори, повеќе од кој и да е друг проблем. Ромни тука има јасна предност, покажало истражувањето – 49 отсто од регистрираните избирачи сметаат дека тој подобро би ја водел економијата и вработувањето, додека 41 отсто сметаат дека на ова поле подобар е Обама.
Ромни, исто така, ужива поголема доверва по прашањето за сојузниот буџетски дефицит на САД, односно 50 наспроти 36 отсто, кај даноците (47 наспроти 42 отсто) и кај прашањето за илегалната имиграција (46 напроти 37 отсто). Обама избирачите го сметаат за подобар во надворешната политика (47 наспроти 40 отсто) и социјалните прашања (48 наспроти 37 отсто). Поддршката за двајцата кандидати по прашањето на здравствената заштита и тероризмот е изедначена.
Анкетата била спроведена телефонски во периодот од 11-ти до 16-ти јули на национален репрезентативен примерок од 1.089 возрасни лица, со дозволена грешка од плус/минус 3 процента./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.