Свет
Во Бугарија потрага по можен втор осомничен за терористички напад во Бургас
Бугарската полиција е во потрага по вториот осомничен за терористичкипт напад на аеродромот во Бургас, во кој во средата загинаа седум луѓе, пренесува CNN повикувајќи се на високи извори во министерството за внатрешни работи.
Изворот на американската телевизиска мрежа вели дека бугарското министерството за внатрешни работи им наредило на полициските структури да почнат потрага по можниот второ осомничен, кој според очевидец бил човек со куса коса и зборувал англиски со „остар“ акцент.
Претходно во саботата израелските медиуми објавија фоторобот на лицето за коешто се смета дека му помагало на бомбашот-самоубиец.
Оваа информација е донекаде во спротивност со основната верзија во однос на самоубиствениот напад, бидејќи од четвртокот во медиумите се појави видео снимка на -направена од камерите за надзор на аеродромот „Сарафово“ еден час пред експлозијата, на којашто се гледа малд човек со долга коса и бејзбол капа со голем ранец на грбот, како шета по холот. Според засега основната верзија на истрагата е дека лицето крај коешто беше пронајдена фалсификувана американска возачка дозвола на лажно име влегол во автобусот и го активирал експлозивот.
Министерството за внатрешни работи на Бугарија на полицајците им ја поделило фотографијата од фотороботот по што започнала поверка и потрага на сите лица коишто одговараат на овој опис.
Експлозијата се случи во средата околу 17.30 часот по локално време, на аеродромот во бугарскиот град Бургас, кога поголема група израелски туристи влегле во автобус кој требало да ги однесе до одморалиштето Сончев брег. Сé уште не е јасно дали осомничениот бомбаш имал намера само да ја остави торбата со експлозивната направа и д асе оддалечи од автобусот или, пак, станува збор за самоубиствен напад на фанатик. Во нападот загинаа пет Израелци, бугарскиот возач и наводниот терорист, а беа ранети 35 израелски цивили./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.