Свет
Убиени три војници на НАТО во Авганистан
Во одвоени напади во текот на викендот во источниот дел на Авганистан се убиени тројца војници на НАТО, соопшти во неделата командата на меѓународната мисија за помош на Авганистан ИСАФ.
Двајца војници се убиени во саботата во експлозија на бомба подметната крај пат, а третиот загинал во напад на бунтовниците, се наведува во соопштението на ИСАФ, во кое не се наведуваат други детали за инцидентите, како што се националност ана загинатите војници или локациите на нападите.
Бројот на загинатите припадници на националните контигенти во меѓународната коалиција во Авганистан којашто брои 130 илјади војници, досега во 2012 година се искачи на 250, покажуваат податоците на специјализираниот интернет ресурс iCasualties.
И натаму најсмртоносна за странските војници во Авганистан останува 2010 година со 711 жртви, а втора според смртноста е минатата 2011 година кога животите ги загубија 566 странски војници.
Во последните пет години од почетокот на интервенцијата на меѓународната коалиција во Авганистан од пред 11 години со која беше соборен талабанскиот режим, се зголемува постојано и бројот на цивилните жртви. Така во 2011 година се регистрирани 3.021 жртва.
Интензивирањето на бунтовничките напади го отежнува подготвувањето на единиците на НАТО за подготовка на авганистанските безбедносни сили да ја преземат обврската за гарантирање на безбедноста во земјата откако кон крајот на 2014 година ќе започне повлекувањето на странските војници од Авганистан./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета
Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета.
Тестот за моќност на супер-големата боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се одржаа во петокот, објавија државните медиуми.
„Пробното лансирање постигна одредена цел“, објави КЦНА.
Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со околната ситуација“.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарна боева глава.
Тестовите на крстосувачки ракети не подлежат на санкции против Пјонгјанг. Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за пренесување на нуклеарни боеви глави.
Наспроти позадината на конфликтот околу севернокорејската програма за нуклеарно оружје, тензиите на Корејскиот полуостров повторно значително се зголемија. Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа својата воена соработка, вклучително и заеднички маневри, како одговор на повеќекратните ракетни тестови на Пјонгјанг со нуклеарни капацитети во последните две години.
Свет
Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак
Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Ројтерс.
Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.
Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени“, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.
Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.
Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.
Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.