Свет
Бројот на жртвите во Ирак се искачи на 91 загинат и 161 ранет
Во вкупно 22 напада во 14 ирачки градови, меѓу кои и престолнината Багдад, во понеделник загинале најмалку 91 лице а 161 е рането, што е најголем број жртви во еден ден во последните повеќе од две години.
Во девет напади во главниот град Багдад и во северните предградија загинале 74 луѓе. Меѓу жртвите на овие напади кои се случуваат на почетокот од првата цела седмица од светиот муслимански месец Рамазан, голем е бројот на полицајци и војници.
Во престолнината бунтовниците преземале бомбашки акции во близина на владини објекти каде граѓаните вадат документи за идентификација.
Најкрвавиот напад се одиграл во Таџи, околу 25 километри северно од Багдад, каде што во повеќе експлозии загинале најмалку 18 луѓе а 29 се ранети, според два независни медицински извора на агенцијата AFP. Во градот биле активирани неколку експлозивни направи во неколку објекти, а кога на местото на експлозиите пристигнале полициски и медицински екипи одекнало уште една експлозија.
Насилствата се регистрирани и во градовите северно од Багдад, Саџ, Кан Неби Сад, Киркук, Туз Курмату и Дибис.
Како што јавува Reuters, пак, милитантите во понеделникот нападнале воена база во градот Удаим, во северо-источен Ирак, при што загинале 13 лица.
Во градот Киркук во северниот дел на земјата експлодирале најмалку четири автомобил-бомби.
Неколку терористички напади биле насочени кон безбедносните сили и полицијата, како што тоа беше случај во провинцијата Дијала, во источниот дел на Ирак.
Претходно во неделата во Ирак во повеќе атентати загинаа 17 лица. а речиси стотина беа ранети.
Понеделникот 23-ти јули е денот со најголем број загинати во терористичките напади во Ирак од мај 2010 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.