Свет
Сириската војска исчистила неколку области на Дамаск од бунтовниците
Сириската армија ги завршила операцијата за потиснување на припадниците на вооружената опозиција од неколку области на главниот град Дамаск, јави во вторникот доцна навечер либанската сателитска телевизија Al Mayadin.
Според информацијата на телевизијата, војската воспоставила контрола над населбите Тадамун, Кадам, Нахр Ајша, Кабун, Сејда Зејнаб, Барза и соседните паркови од коишто дејствувале вооружените групи на сириската опозиција.
Напорите од страна на властите, се вели во извештајот на сириските власти, се фокусирани сега на помагање на луѓете од областите каде што армијата се судри со вооружената опозиција. Ситуацијата во многу области е многу тешка, се додава во информацијата што ја емитуваат државните медиуми.
Како што изјавил по телефон за руската новинска агенција РИА Новости жител на населбата Кабун кој побарал да остане анонимен, во областа нема струја, вода за пиење, а сите продавници се затворени.
„Таму сега е невозможно да се живее. Жителите не остануваат во населбата. Меѓутоа, властие ветија дека ќе го воспостават доставувањето на електрична енергија и вода, како и дека ќе обезбедат храна во следните пет дена“, изјавил соговорникот на агенцијата.
Во меѓувреме, според телевизијата Al Mayadin, животот се враќа во областите кои не беа зафатени со борбите. Од вторникот попладне во Дамаск не се слушале истрели. Започнал да работи и најголемиот пазар Хамедија кој се наоѓа во центарот на сириската престолнина. Според сведоци, повеќето од продавниците на пазарот биле отворени.
Сепак, според извештаите на повеќето медиуми, многу продавници со основни продукти останеле во градот останале затворени. Има недостиг, исто така, и од прехранбени продукти, особено млечни производи, кои се произведуваат главно во јужните предградија на Дамаск, коишто последните неколку дена беа најмногу погодени од престрелките.
Според телевизијата Al Mayadin, во вториот по големина град во змејата Алепо, во северниот дел на Сирија, продолжуваат судирите меѓу регуларната армија и вооружените бунтовници. Борбите во вторникот дојдоа до самиот центар на градот – пред портите на Стариот град. Армијата, според тлевизијата, исто така продолжува да ги чисти од бунтовниците северните области на Алепо, во кои последните неколку дена се водеа многу жестоки борби./крај/рн/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.