Свет
Пентагон го потврди засиленото обезбедување на хемиското оружје во Сирија
Според информациите на Пентагон, сириските власти го засилиле обезбедувањето на објектите во коишто е складирано хемиското оружје, изјави портпаролот на американското министерство за одбрана, Џорџ Литл.
Претходно израелски воини извори соопштија дека сириската армија и безбедносните служби го засилиле обезбедувањето на арсеналите, истовремено кога претставниците на сириската опозиција соопштија дека хемиското оружје се премесува кон граничните области на земјата.
„Сириските власти имаат обврска да ја осигураат безбедноста на таквите арсенали … Во времето во коешто ја следевме ситуацијата во Сирија, сириските власти ја одржуваа безбедноста околу чување на биолошкото и хемиското оружје. Сметам дека е тешко да се даде отчет за секој магацин во Сирија, и секојдневно, но главната работа во ова прашање е дека сирискиот режим е должен да ги обезбедува овие оружја“, рекол Литл на брифинг со новинарите ноќта кон средата по европско време.
Тој одбил да одговори на конкретни прашања и да ги коментира информациите на сириската опозиција дека владините сили се подготвуваат да го употребат хемиското оружје за напад врз бунтовниците.
„Ќе се воздржам од шпекулации“, рекол Литл.
Претходно во вторникот и руското министерство за надворешни работи реагираше со потсетување дека Сирија во 1968 година го има ратификувано Женевскиот протокол за забрана за употреба за хемиското оружје од 1925 година, барајќи од сириската власт да ги почитува своите меѓународни обврски.
Овие реакции дојдоа откако порптаролот на сириското министерство за надворешни работи Џихад Макдиси првпат досега во историјата официјално признавајќи дека земајта поседува хемиско оружје, изјави дека Сирија може да го употреби овој вид оружје во случај на странска воена интервенција. Тој нагласи дека хемиско оружје коишто ѝ е на располагање на сириската армија, никогаш нема да биде користено против цивилното население, без оглед на тоа како ќе се развива ситуацијата. Оваа изјава предизвика остра реакција на меѓународната заедница, која го повика на режимот Асад да ги извршува своите меѓународни обврски./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.