Свет
Сирија ја напуштија половината набљудувачи, пребегнаа амбасадор и два генерала
Половината од 300-те невооружени воени набљудувачи на мисијата на Обединетите нации во Сирија ја напуштиле земјата, според два извора на мисијата на ОН, додека истовремено пребегнаа сириски амбасадор и два генерала.
„Сто ипедесет набљудувачи ја напуштија Сирија во вторникот навечер и во средата, и нема да се врата. Заминаа по одлуката дека мисијата се намалува за половина“, рекле двајцата соговорници на AFP.
Набљудувачката мисија на ОН во Сирија се состоеше од 300 воени невооружени набљудувачи и 100 припадници на помошниот персонал. Тие во земјата беа распоредени во април поради надгледувањето на почитувањето на прекинот на огнот договорен од двете завојувани страни според мировниот план на специјалниот претставник на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан, а поради непочитување на примирјето и засилување на борбите кој средината на јуни престанаа да вршат набљудување на теренот.
Во средата, како што известуваат светските агенции повикувајќи се на Сирискиот национален совет, сирискиот амбасадор во Обединетите арапски емирати пребегнал во Катар, а претставник на турското министерство за надворешни работи соопшти дека во Турција пребегнале два бригадни генерала на сириската регуларна армија.
Амбасадорот што пребегнал во Катар е третиот сириски дипломат кој и’ се придружи на опозицијата од почетокот на бунтот во марти 2011 година, а со двајцата пребегнати генерали, кои во Турција пребегнале во вторникот, бројот сириски генерали коишто се засолниле во оваа земја изнесува 27, како и повеќе стотици војници, пишуваат во средата турските медиуми./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.