Контакт

Свет

Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ

Објавено пред

Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска во Брисел треба да одржат редовeн месечен состанок, на кој, како што е најавено, главни теми ќе бидат Хрватска, Косово и Ирак

dobivaj vesti na viber

Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска во Брисел треба да одржат редовeн месечен состанок, на кој, како што е најавено, главни теми ќе бидат Хрватска, Косово и Ирак. Европските министри, како што пренесува Макфакс, се очекува да ја предупредат Хрватска дека предуслов за да ги започне асоцијативните преговори на 17 март годинава, е да го испорача генералот Анте Готовина на Хашкиот трибунал. Министрите на денешниот состанок треба да ги започнат и консулатациите за определување заеднички став во врска со статусот на Косово, за што ќе разговараат и со цивилниот администратор на Обединетите нации во покраината Сорен Јесен Петерсен. Според дипломатски извори, министрите треба да донесат одлука за започнување на цивилна мисија за оспособување на ирачки полицијаци и судии, што се смета како “понуда на помирување“ на Европската унија со американскиот претседател Џорџ Буш, кој, се очекува утре да се состане со претставнците на ЕУ./крај/ста/м



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Објавено пред

Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, изјави дека следната цел на рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде Балканот, пренесува „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

Во средата вечерта во Капитол во Вашингтон, Џонсон разговараше со новинарите за прашањето за гласање за странска помош за Украина, Израел и Тајван, а го спомена и балканскиот регион.

На прашањето од новинарите зошто е подготвен да ја изгуби работата само за да го обезбеди планот за помош, Џонсон одговори дека секогаш се труди да ја направи вистинската работа.

„Мојата филозофија е да ја направам вистинската работа. Ако дејствувам само од страв никогаш не би можел да си ја работам својата работа“, рече Џонсон и додаде:

„Историјата не суди поради она што го правиме. Ова е критично време, критично време на светската сцена. Би можел да донесам себична одлука и да направам нешто поинаку, но еве го правам она што верувам дека е вистинската работа. Мислам дека обезбедувањето правна помош за Украина е од клучно значење во моментов“.

Тој нагласи дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и Иран се „оската на злото“ и дека работат во координација на овој фронт.

„Мислам дека Путин би продолжил да маршира низ Европа доколку му се дозволи тоа. Мислам дека следниот пат би можел да оди на Балканот. Мислам дека би можел да има пресметка со Полска или со некој од нашите сојузници во НАТО“, додаде Џонсон.

Тој рече дека „попрво би испратил куршуми во Украина отколку американски момци“.

„Мојот син ќе започне со Поморската академија оваа есен. Ова е вежба со боева муниција за мене и за многу американски семејства“, рече Џонсон.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата, исто така, даде силна поддршка на планот на Џонсон да обезбеди дополнителни средства за Украина и Израел.

Гласањето за пакетот помош најверојатно ќе се одржи во сабота навечер.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија уапси две лица: соработувале со Русите, планирале да ја саботираат армијата

Објавено пред

Две лица, кои освен германско државјанство имаат и руско државјанство, се уапсени во Германија поради наводно планирање саботирање на воени објекти, вклучително и американски, со цел да ја поткопаат воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското обвинителство. Властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за странска тајна служба, се наведува во соопштението на обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Еден од осомничените, идентификуван како Дитер С., разговарал за можни заговори со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година, се посочува во соопштението.

Дитер С. подготвувал бомбашки напади и палење во воени објекти, вклучително и оние со кои управуваат американските сили, се додава во соопштението.

Според магазинот „Шпигел“, еден од објектите е воената база „Графенвоер“ во јужната сојузна држава Баварија, каде што украинските војници се обучуваат да управуваат со американските тенкови „Абрамс“. Руската амбасада во Берлин не одговори веднаш на барањето за коментар.

„Намерата на акциите беше да се поткопа воената поддршка што Германија и ја дава на Украина против руската воена агресија“, се вели во соопштението на германските обвинители.

Прикажи повеќе...

Свет

Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, во областа Гоксун во Кахраманмараш.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.

Турција синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил на 46 километри јужно од Турхал, на длабочина од 10 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја...

Македонија2 часа

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови...

Свет3 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет3 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија13 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ19 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија20 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ21 час

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија21 час

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија22 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија23 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...