Свет
Медведев во Јужна Осетија на четвртата годишнина од војната со Грузија
Рускиот премиер Дмитриј Медведев во средата допатува во Цхинвали, главниот град на Јужна Осетија на одбележувањето од четвртата годишнина од тридневната грузиско-руска војна водена околу оваа проруска република којашто во 1990-те еднострано прогласи независност од Грузија.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев во средата разговараше со претседателот на Јужна осетија, Леонид Тибилов. Тој притоа изјави дека одлучил да се спротивстави на нападот на Грузија во 2008 година ноќта на 7-ми кон 8-ми август, два ипол часа по почетокот на воените дејствија на грузиската армија.
„Сите одлуки кои беа донесени тогаш, беа преземени токму тогаш која беше неопходно да бидат донесени. Јас ја донесов одлуката две ипол часа откако грузиската армија ја започна акцијата. Не претходно, затоа што тоа би било погрешно, бидејќи тоа беше одлука за употреба на руските вооружени сили на странска територија, нагласувам, на странска територија. Но не и задоцнето“, изјавил Медведев, пренесува РИА Новости.
„Оние што велат поинаку, или не знаат, или намерно грешат““, додал рускиот премиер.
Грузија ноќта кон 8-ми август 2008 година започна офанзива за враќање под своја целосна контрола на Јужна Осетија, на што Москва одговори со масивна воена операција. Војната траеше вкупно пет дена и заврши со 67 загинати руски војници 2.100 и руското признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија, втората грузиска покраина којашто во 1990-те по распадот на Советскиот сојуз прогласи независност Тбилиси.
Освен Руската Федерација, независноста на двете републики чиишто граѓани во мнозинство се и државјани на Руската Федерација, е призната и од неколку држави од Јужна Америка и од Пацификот.
Јужна Осетија и Абхазија и во 1990-те кога прогласија независност водеа војна против грузиските сили на нивните територии, по што во републиките беа испратени странски набљудувачи меѓу кои и руски. По војната од 2008 година Русија во двете републики остави стационирани бројни единици.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица во едно интервју призна дека во Москва во периодот 2006 и 2007 година имало разработен план за дејствување во случај на агресија во Јужна Осетија, којшто претпочитал и увежбување на локалната милиција којашто постои од првите осетиско-грузиски судири./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Бугарија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри.
🔔#Earthquake (#земетресение) M3.8 occurred 6 km SW of #Devin (#Bulgaria) 4 min ago (local time 08:38:05). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/MSdvNiasPN
🖥https://t.co/ycq6JSIzuY pic.twitter.com/jACmTRndoJ— EMSC (@LastQuake) March 29, 2024
Речиси половина час пред овој земјотрес Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.
Забележан е во 8:09 часот по локално време.
Во 08:42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Европа
Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци
Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.
Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.
Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.
Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.