Свет
Уругвај сака со одгледување марихуана да се бори против криминалот
Уругвајската влада му упатила на Конгресот на земјата предлог закон според кој државата би одгледувала и продавала марихуана со што би се намалил криминалот поврзан со илегалната продажба на дроги,
Додека земјите како Колумбија и Мексико со години се изложени на беспоштедни брутални крвопролевања во борбата на наркокартелите и насилството поврзано со криумчарењето на наркотиците, владата на уругвајскиот претседател Хозе Мајика дозволува уживање на канабисот. Уругвајските власти сметаат дека негативните ефекти од уживањето на марихуаната се помалку штетни од насилството што го предизвикува нелегалната трговија којашто се јавува поради забраната.
Регистрираните уживатели на марихуаната можат секој месец да купат 30 грама мариухана, меѓутоа на странците им е забрането купувањето за да се спречи нарко-туризмот.
Државата планира одгледувањето и продажбата на марихуана да ги спроведува во законските рамки со кампања со образование за опасностите од нејзиното уживање, се наведува нацрт-законот.
Годишното производство тогаш би се движело околу 27 тони, проценува владата во Монтевидео.
Левичарската влада на претседателот Хозе Мајика Кордано предвидува со законот само државата може да продава марихуана на возрасни лица кои се наоѓаат во евиденцијата, додека одгледувањето за сопствени потреби на поединци не е дозволен.
Министер за одбрана Елеутерио Фернандез Хуидобро пред помалку од два месеца дека ова е дел од планот со кој ќе се намали профитот на дилерите на дроги и ќе се спречат консументите да почнат да земаат потешки дроги.
Употребата на марихуана во Уругвај веќе со закон е дозволено, а оваа земја има намера да предложи продажбата на овој вид дрога да се легализира во целиот свет, бидејќи тоа може да ги одврати уживателите од користење на посилни дроги.
Според официјалните процени, на илегалниот пазар на марихуаната во Уругвај, годишно се вртат 75 милиони долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.
„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Според Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.
„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.