Свет
Голем пожар во Лондон, ЛОИ не се загрозени
Густ чад се издигна во недела над Лондон, откако се запалило рециклирано ѓубре во источниот дел на Лондон, на денот кога се затвараат Олимписките игри.
Околу 200 пожарникари биле пратени да го гасат пожарот во отпадот, од каде низ целиот град се гледа чад.
Доцна попладне пожарот бил ставен под контрола, а ос пожарникасрскиот оддел уверуваат дека пожарот нема да влијае на церемонијата на затворање на 30. Олимписки игри и дека сите олимпијци и гражаните се безбедни.
Пожарот бил на 11 километри од Олимпискот парк, а горела површина од 100 на 50 метри, во еден центар за рециклирање отпад.
„Не сме виделе толку голем пожар во Лондон неколку годни“, вели Комесарот на лондонската противпожарна, Рон ДОбсон.
„Ова навистина е драматично завршување на Олимписките игри за противпожарниот оддел“, додава.
„Ги уверуваме луѓето дека можат да се движат насекаде низ градот, пожарот што го локализиравме нема да ги наруши олимписките случувања“, рече ДОбсон, пренесе „Асошиејтед прес“.
Во порака пратена преку твитер подоцна, од противпожарниот оддел велат дека пожарот во Дагенхам, е изгасен.
„Ќе останеме на местото во текот на ноќта. Ова е олимписки напор од нашата екипа, Уживајте во церемонијата на затвораше на Игрите“.
Штетата од пожарот не е позната, но нема жртви и повредени./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.