Свет
Сеул повторно го прозва Токио за сексуалните робинки
Јужна Кореја повторно во средата побара од Јапонија да ја преземе целата одговорност за искористување на Јужнокорејките коишто биле принудени да се проституираат за време на јапонската окупација во текот на Втората светска војна.
„Станува збор газење на правата на жените во време на војна и за кршење на општочовечките права. Ја повикувам јапонската влада одговорно да пристапи во врска со тоа.“, изјави јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг-Бак по повод одбележувањето на годишнината од завршувањето на војната којашто траеше од 1939 до 1945 година.
Во Јужна Кореја 15-ти август се прославува како Ден на ослободувањето и завршувањето на јапонската колонизација, којашто траела од 1910 до 1945 година, кога Јапонија потпиша безусловна капитулација во Втората светска војна.
Јапонија е „пријателска земја со којашто ги делиме основните вредности и важното партнерство“, изјави претседателот Ли, но „мораме да истакнеме дека пречките во историјата на односите меѓу Јужна Кореја и Јапонија ги попречуваат заедничките напори кон подобрата иднина во североисточна Азија, како и билатералните односи“, додаде јужнокорејскиот претседател.
Историчарите сметаа дека Јапонија на сексуално ропство принудувал двестотни илјади Азијатки, главно од Кореја, Кина, Филипини и другите земји Тие морале да работат во јапонските воени бордели на боиштата./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.