Свет
Во секташките судири во Либан, 6 мртви и 75 ранети
Вооружените сунитски и алавитски групи во либанскиот град Триполи дојдоа до работ на војна, а по вчерашните целодневни борби и во средата низ целиот град се слушаа истрели, пренесуваат агенциите.
Според последните информации загинале четири жители на сунитскиот кварт Баб ел-Табанех, меѓу кои и 13-годишно момче, како и два житела на соседната алавитска населба Џабал Мохсен, соопштија болнички извори во Триполи.
Според истиот извор, ранети се 42 жители од сунитската, и 18 жители на алавитската населба.
Борбите се водат со автоматско оружје, рачни бомби, противтенковски фрлачи и ракетни фрлачи на гранати.
Се зголеми, исто така, и бројот на ранетите припадници на либанската армија на 15, коишто со оклопни возила од вторникот се наоѓаат на линијата на раздвојување на двете заедници.
Судирите меѓу сунитското население на Триполи, коешто ги поддржува бунтовниците во Сирија и алавитите (правец на шиитскиот ислам) коишто го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад, особено зачестија и се интензивираа последната година, како реакција на кризата во соседна Сирија, каде што претежно сунитската вооружена опозиција му се спротиставува на армијата и поддржувачите на алавитот Башар ал-Асад.
Северен Либан, чиј административен центар е градот Триполи, е главното упориште на либанските поддржувачи на „сириската револуција“. Од таму во Сирија се префрлува оружје за опозициската Слободна сириска армија, но и борци, коишто официјален Дамаск ги нарекува „ терористи платеници“. Обидите за навлегување на сириска територија на вооружени групи преку северо-источната граница на Либан, речиси се секојдневни./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Таџикистан се уапсени девет лица поврзани со масакрот во Москва
Таџикистан уапси девет лица осомничени дека се поврзани со масовното пукање во руската концертна сала минатиот петок, како и милитантна исламистичка група која ја презеде одговорноста за нападот, изјави таџикистански безбедносен извор за Ројтерс. Четворицата осомничени напаѓачи зад најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години се државјани на Таџикистан. Тие беа уапсени со уште седум други осомничени, од кои некои исто така потекнуваат од поранешната советска централноазиска земја.
Одборот за државна безбедност на Таџикистан приведе девет лица во градот Вахдат. Осомничените сега се во главниот град Душанбе, рече изворот, но не даде детали. Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва.
Таџикистан, член на безбедносниот блок предводен од Русија и дом на руската воена база, ги собра семејствата на осомничените напаѓачи за да можат да бидат испрашани од руските истражители во Душанбе, изјавија извори за Ројтерс.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала, а американските официјални лица рекоа дека имаат разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека нападот го извршил авганистанскиот огранок на мрежата, Исламската држава Хорасан (ИСИС-К).
Руските истражители вчера објавија дека пронашле докази дека напаѓачите се поврзани со „украински националисти“. САД веднаш го отфрлија тврдењето како неоснована пропаганда. Киев остро негираше каква било вмешаност во нападот на концертната сала.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.