Контакт

Свет

Нападнат манастир крај Ерусалим

Објавено пред

Вандали во вторникот ги запалиле портите на христијанскиот манастир во близина на светиот град Ерусалим во Израел, и на ѕидовите испишале пароли со поддршка за доселениците, пренесува Reuters.

dobivaj vesti na viber

Се претпоставува дека станува збор за можна одмазда поради исфрлувањето на семејства од нелегална населба во палестинската енклава Западниот брег. Поточно, името на нелегалната еврејска населба Мигрон кое беше иселено по налог на Врховниот суд на Државата Израел, било испишано на ѕидот од познатиот манастир Латрун.

Израелски функционери претходно изјавија дека ги загрижува можноста иселувањето на 50-ината еврејски семејства од населбата Мигрон, недалеку од Рамалах на Западниот брег, може да предизвика одмазднички реакции на грума радикални доселеници.

Мигрон е едно од повеќето од десетина населби кои без одобрение на израелската влада се изградени пред повеќе од десет година кои на териториите што Израел ги зазема во војната во 1967 година, а на којашто Палестинците сакаат да ја основаат својата независна држава./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава

Објавено пред

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.

dobivaj vesti na viber

Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции”

Во интервју за Асошиетед прес, тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.

„Сите искуства на луѓето кои се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.

Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафах нема да го победи Хамас.

Прикажи повеќе...

Свет

Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот Искандер

Објавено пред

Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.

dobivaj vesti na viber

Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Јевлаш во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил Искандер-К, додаде Јевлаш.

Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на Телеграм гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.

Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија Украинските железници Укрзализница на Телеграм.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир

Објавено пред

Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по неговиот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.

dobivaj vesti na viber

На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.

Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.

„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Да оставиме овој гулаб да не обедини сите“, рече Радачовски.

Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.

Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.

„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.

Додека птицата леташе низ салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.

Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија32 минути

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија59 минути

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите...

Македонија1 час

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија12 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија13 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија14 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија14 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија15 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија16 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија16 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија16 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија17 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија17 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија17 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...