Свет
Најдени тела на 17 убиени мажи во Мексико
Тела во распаѓање на 17 мажи се најдени во неделата на фарма во централниот дел на Мексико, веројатно убиени од нарко картелите, соопштија надлежните.
Телата биле фрлени во близина на автопат во градот Тизапен ел Алто на границата на Халиско и Мичоакан, вели обвинителот од Хелиско Томас Коронадо Олмос.
Телата биле откриени за време на прославата на мексиканската независност.
Коронадо Олмос не соопшти дали е откриен и идентитетот на жртвите, но рече дека телата биле голи, осакатени и со синџири околу вратот. Тие биле убиени на друго место, а само биле фрлени, онаму каде што се најдени.
„Нашиот пограничен регион е ранлив за вакви акции и за фрлање тела“, вели обвинителот.
Властите сé уште не се изјасниле за кого мислат дека стои зад убиствата, но регионот е познат по пресметки на криминалните груп, а не може да им се стави крај на шверцот и да се контролираат патиштата по ој се тргува со луѓе.
Микоакан е земјата на фамилијата Мичоакан и на Кабалерос Темплариос криминални групи, а Хелиско е жртва на бруталните Зетас и Хелиско Нуева Генерација картелите.
Повеќе од 47.500 луѓе се убиени во Мексико од картелите кои шерцуваат дрога од декември 2006 година, кога претседателот Фелипе Калдерон почна воена офанзива против картелите, според последните бројки./крај/y/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролетта, март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источниот Медитеран. Типична песочна бура со домет од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони, објаснува директорот на грчката метеоролошка служба Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури, поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 степени Целзиусови, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степени, истакнаа грчките метеоролошки служби.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи на населението, особено луѓето кои страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои можат да се интегрираат со полен, бактерии и габи, создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува здружението.
Свет
Апсења во Пакистан по снимка во која брат ја убива сестрата, таткото гледал сè
Пакистанската полиција уапси татко и брат откога видеото од провинцијата Пенџаб, на кое брат ја дави својата сестра додека таткото гледа, стана вирална, соопштија официјални лица.
Настанот предизвика шок и бес во нацијата, која се бори со бранот насилство врз жените. 22-годишна девојка била убиена од својот брат додека таткото гледал, а непознато трето лице го снимило злосторството, изјави за ДПА претставникот на локалната полиција, Рана Акмал.
Инцидентот се случил во градот Тоба Тек Синг минатата недела. Семејството ја закопало жената тврдејќи дека умрела од колера.
И таткото и братот ѝ кажале на полицијата дека со години ја силувале жената и ја убиле за да го скријат своето злосторство, изјави полицискиот службеник Мохамед Имран.
Се спроведуваат рации за апсење на лицето, кое наводно го снимило злосторството.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.