Свет
Сменет уредникот на Irish Daily Star поради објавувањето на топлес фотографиите на Кејт
Уредникот на ирскиот магазин Irish Daily Starе е суспендиран по објавувањето на скандалозните фотографии на сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката од Кембриџ, јавува Associated Press повикувајќи се на извори од компанијата Independent Star, којашто го издава списанието.
Во соопштението на комапнијата се наведува дека уредникот на списанието Мајкл О’Кејн привремено е суспендиран од функцијата до крајот на внатрешната корпоративна истрага, поради распространувањето на пикантните фотографии на коишто најновата членка на британското кралско семејство е фотографирана со голи гради.
Минатата сабота, се појавија фотографии на коишто 30-годишна сопруга на принцот Вилијам се сонча топлес крај базенот во покраината Прованса за време на нивниот одмор во Франција, се појави во британското издание на ирскиот таблоид, но не и во изданието што излегува во Северна Ирска. Кралската палата го осуди објавувањето на фотографии.
Таблоидот The Irish Daily Star е во заедничка сопственост на ирската компанија „Independent News and Media“ и британската „Northern & Shell“ која е издавач на британскиот таблоид The Daily Star.
Сопствениците во неделата ја осудија оваа одлука на уредништвото за објавување на фотографиите, издавајќи соопштение во коешто се наведува дека за ваквиот потег не биле известени.
„Многу сум гневен поради објавувањето на фотографиите и веднаш ќе преземам чекори да го затворам ова заедничко вложување“, изјави претседателот на управниот одбор на компанијата Ричард Дезмонд.
Уредникот Мајк О’Кејн тогаш изјави дека е запрепастен од реакцијата на сопствениците.
„Војвотката не е поинаква од која и да е друга славна личност до чиишто фотографии доаѓаме. Има ист статус како и, на пример, Риана или Лејди Гага. Таа не е дината кралица на Ирска“, рече О’Кејн.
Принцот Вилијам, со титула војводата од Кембриџ и неговата сопруга Кејт Мидлтон, поднесеоа во понеделникот тужба во францускиот суд во Нантер предградие на француската престолнина Париз, за нарушување на приватноста во врска со објавувањето на спорните фотографии во списанието Closer, направени минатата седмица. Покрај тоа тие поднесоа и барање за забрана за рапсространување на фотографиите.
Палатата Сент Џејмс, како случба за односи со јавноста на војводата и војвотката од Кембриџ од името на Вилијам и Кетрин ја оцени ситуацијата „гротескна“ а обајвувањето како „надминување на границите“. Канцеларијата на британскиот премиер, исто така, соопшти дека членовите на кралското семејство „имаат право на приватност“.
Во понеделникот скандалозните фотографии ги објави и италијанскиот магазин Chi, на 26 страници со репортажа за одморот на британската кралска двојка под наслов „Кралицата е гола“. Магазинот, заедно со францускиот Closer, припаѓа на медиумска империја „Mondadori“, во сопственост на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.