Свет
Обама го враќа ударот по поразот во тв дебатата
Ден по лошиот настап во телевизискиот дуел, американскиот претседател Барак Обама го возврати ударот на својот републикански противкандидат Мит Ромни, а неговиот изборен штаб најави дека ќе го научи урокот од поразот од соочувањето во средата навечер.
Борбениoт демократски претседателски кандидат Барак Обама на партискиот собир во Медисон, во американската сојузна држава Висконсин, порача дека Мит Ромни во текот на соочувањето пред телевизиските камери не ја зборувал вистината. „Кога излегов од сцената, сретнав храбро момче коешто тврдеше дека е Мит Ромни“, рече Обама.
„Но тоа не можеше да биде Мит Ромни, бидејќи вистинскиот Мит Ромни е растрчан низ земјава последнава година ветувајќи пет билиони долари даночно олеснувања во позла на најбогатите. Момчето од сцената рече дека не знае ништо за тоа“, изјави актуелниот претседател на САД.
Често критикуван дека е крут, републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни во текот на дебатата имаше агресивен настап што на крајот му овозможи да донесе позитивни резултати во неговата кампања и анкетите по серијата чекори наназад последните седмици. Обама, кој на дебатата во Денвер, изгледаше заморен и безволен, не ја искористи можноста да го нападне својот противкандидат поради негова најконтроверзна изјава дадена во последно време за „47 отсто Американци“ коишто живеат на државна сметка и коишто сигурно нема да гласаат за него.
А три седмици откако потајно снимената изјава од еден партиски собори се појави во јавноста, Ромни во интервју за телевизиската мрежа Fox News во четвртокот рече дека целосно се откажува од неа. „Во кампањата со стотици, ако не и илјадници говори и прашања на коишто мора да одговорите, понекогаш ќе најдете нешто што нема да излезе добро. Мојата изјава за 47 отсто беше сосема погрешна“, рече Ромни.
Дуелот меѓу Обама и Ромни ја следела 67,2 телевизиски гледачи во САД, што е за 28 отсто повеќе отколку што ја следеа дуелот на претседателските кандидати за претходните избори меѓу Барак Обама и Џон Меккејн. Воедно тоа беше и најгледаниот дуел од онаа меѓу Роналд Реган и Џими Картер во 1980 година.
Со двете претстојни дебати коишто ќе се одржат пред изборите на 6-ти ноември, изборниот штаб на Барак Обама најавува дека ќе ја прилагоди стратегијата темелејќи се на резултатите од првото соочување. Дел од таа стратегија ќе биде да се нападне Мит Ромни за, како што тврдат демократите, невистинитите тврдења коишто ги изнел за својот план за даночниот систем, програмата Медикер и планот за намалување на дефицитот, коишто се различни од оние коишто досега ги изнесуваше во својата кампања.
„Очигледно е дека ќе мораме да се прилагодиме на неискреноста на Ромни. Тешко е да се присетите дека кој и да е во американската политика бил номиниран за претседателската функција и толку фундаментално неискрено зборувал за основата на својата изборна платформа“, изјави Деквид Плуф, советник за избори на Барак Обама./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.