Свет
Папата го започна синодот за новата евангелизација
Папата Бенедикт Шеснаесетти во неделата со свечена литургија на Плоштадот на свети Петар го започна синодот за новата евангелизација којашто собира 262 архиепископи, епископи, претставници на католичките редови и источните цркви.
Папата во хомијата (беседата) потсети дека Вториот ватикански консил чија педесетгодишнина исто така се одбележува, претставува сеопфатен израз на духовниот и пасторалниот динамизам во XX век.
Годишнината од почетокот на консилот ќе биде прославена во четврток, кој ќе започне и Годината на верата којашто Папата одлучи да се прогласи за да се одбележи 50-годишнината од одржувањето на Вториот ватикански консил и во времето на кризата на општеството го врати на христијанските вредности.
Папата Бенедикт Шеснаесетти на почетокот од свеченоста прогласи и два нови научители на црквата. И двајцата се теолози и проповедници на Евангелието кои одамна се прогласени свети, Шпанецот Иван Авилски (1499 – 1569) и Германката Хидлегард де Бинген (1098 – 1179). Хилдегард де Бинген е четвртата научителки на црквата по Катарина Сиенска, Тереза Авилска и Терезија од Лисиус.
Титулата научител (храватски – Doctor of the Church – англиски) во римокатоличката црква ја добиваат светите кој во голема мера придонеле на теологијата и доктрината на црквата. Се доделува многу ретко, исклучиво по смртта и по прогласување за светец, а пред 1970 година им се доделувала само на мажи.
Бенедикт Шеснаесетти го свика синодот на бискупите од целиот свет за да заедно се обидат да изнајдат начини за „нова евангелизација“, во моментот кога христијаните го губат влијанието во Европа и стануваат жртви на дискриминација во некои делови од светот.
Од неделата 7-ми октомври до 28-ми октомври, синодот ќе се занимава со оваа многу важна тема, главната задача на актуелниот Папак кој во 2010 година основаше нова служба задолжена за изработка на стратегија.
Бискупите на овој собир ќе се занимаваат си со брзата и хаотична евангелизација на земјите од југот каде католиците понекогаш се жртви на прогони и закани, особено исламистичките, како и ривалитетот на пентекостните групации.
Последниот синод за евангелизацијата го свика папата Павле Шести во 1974 година, но кризата на Црквата во некогаш христијанските земји тогаш не беше толку нагласена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.