Свет
Филипинската влада потпиша договор со бунтовниците
Филипинската влада и најголемата исламистичка бунтовничка група о земјата потпишаа во понеделникот мировен договор кој ќе служи како насока за воспоставување автономен регион на југот од земјата, што претставува чекор кон ставањето крај на судирите кои траеја повеќе од четири децении.
Филипинскиот претседател Бенињо Акини и лидерот на Исламскиот ослободителен фронт Моро (MILF) Ебрахим Мурад има тет-а-тет состанок пред да го потпишат договорот, јавуваат агенциите. Пред состанокот Мурад, кој првпат влезе во претседателската палата во Манила, му подари на Акино минијатурен гонг „Тоа е звукот на мирот“, рече Мурад откако се огласи гонгот.
Овој договор се доживува како напредок кон ставањето крај на четириесетгодишните судири во коишто загинале околу 150 илјади луѓе и во текот на кои беше разорена економијата на регионот.
Долгоочекуваниот договор започнува со реализација на планот според кој че биде воспоставен нов автономен регион Бангсамото во јужните области каде што доминираат муслиманите во оваа мнозински католичка земја, а би требало да се случи пред крајот на претседателскиот мандат на Бенигно Акино во 2016 година. Бангсаморо се однесува на муслиманските и немуслиманските малцински народи во јужни Филипини.
„Овој договор создава нов политички ентитет и го заслужува името коешто симболизира и оддава чест на борбата на нашите предци на Минданоа и ја слави историјата и карактерот на тој дел од нашата историја. Тоа име ќе биде Бангсаморо“, рече Акино во телевизиското обраќање од претседателската палата од 7-ми октомври, најавувајќи го потпишувањето на договорот.
Договорот претставува важен напредок во довербата меѓу владата и сепаратистичкиот Исламиски фронт за ослободување на Моро (MILF) кој долго време со сомневање гледаше на мотивите на централните власти во Манила во преговорите.
Договорот беше постигнат на преговорите во малезиската престолнина Куала Лумпур пред две седмици, а со него ќе се формира 15-члена преодна комисија која до 2015 година треба да предложи закона со кој ќе се формира новиот ентитет, којшто ќе ја замени сегашната автономија на регионот.
Новиот ентитет и неговите надлежности ќе бидат одредени со плебисцитарно усвојување на суштинскиот закон.
Овој муслимански регион ќе добие поголеми политички и економски овластувања, вклучувајќи и воведување данок кој би ја намалил владината помош, потоа поголем удел во приходите од природните богатства и поактивна улога во внатрешната безбедност.
Овие планови сѐ уште може да бидат попречени со евентуалното одвојување на радикалните исламистички групи од MILF и нивното продолжување на борбата во регионот во кој се забележани врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Закана за договорот претставуваат и можните кланови коишто имаат под контрола некои области и сега би можеле да почувствуваат дека е загрозено нивното политичко влијание.
По четирите децении судири и речиси 15 години преговори за прекин на насилствата, сите повозрасни припадници на MILF, беа нестрпливи да ги видат резултатите од годините мировни преговори, сметаат аналитичарите. Челните луѓе на движењето, исто така, може да бидат мотивирани и со можностите за приходите од големите резерви нафта, гас и минерали во бунтовничките области, делот на вкупното минерално богатство на островот Миндао се проценува на 312 милијарди долари.
На југот на Филипините повеќе од 40 години продолжуваат крвавите судири меѓу владините сили и муслиманските бунтовници и меѓу нив самите. Во нив животите ги загубија околу 150 илјади луѓе, претежно на католичка страна, а повеќе од два милиона се иселени од своите домови.
Една од најрадикалните и најмоќни групи коишто може да го загрозат мировниот договор е Абу Сајаф (Носители на мечот) која е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 година групата го изврши најголемиот во историјата на Филипини терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.
Според филипинското разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите и натаму да извршуваат големи терористички напади.
Групата често прибегнува кон киднапирање за откуп поради финансирање на своите активности. Ако откупот не е платен на време, заложниците се погубуваат./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.
Свет
Убиен рапер, пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан: Џастин Бибер јавно се прости од него
Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси.
Крис бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.
Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.
View this post on Instagram
Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.
32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се прости од него.
“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.