Свет
Либија не е целосно ослободена една година по Гадафи
Претседателот на либиското национално собрание Мохамед ал-Мегариеф оцени дека ослободувањето на земјата од режимот на Моемер ел-Гадафи не е во целост остварено, една години по ликвидацијата на соборениот самодржец.
„Ослободувањето на земјата не е целосно остварено во некои области“, изјави Мегариjеф во говорот емитиран ноќта кон саботата, истакнувајќи го посебно градот Бани Валид, едно од главните упоришта на поранешниот режим, сцена на повеќедневни жестоки судири со многу мртви.
Мегариjеф изнесе податоци во периодот по Гадафи, тврдејќи дека „кршењето и занемарувањето“ на формирањето полиција и војска, надзорот над оружјето и неинтеграцијата на поранешните востаници во државните институции. Ги наведе и доцнењата во реформите на правосудството, како и прашањето на националното помирување.
„Таквата ситуација, создаде незадоволство и тензии меѓу различните фактори во општеството, како и ширењето на хаосот, немири, корупција, што го ослаби дејствувањето на различните владини организации“, оцени Мегариjеф./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.