Свет
Многу дезинформации и притисоци врз избирачите пред изборите во САД
Во сојузните американски држави Флорида, вирџинија и Индијана гласачите се примаат повик од телефонски автомат кој лажно им кажува дека нема потреба лично да гласаат, бидејќи тоа може да го сторат и телефонски, пишуваат медиумите во САД.
Во државите Охајо и Висконсин, пак, огромни плакати во повеќето сиромашни и малцински квартови покажуваат затвореници зад решетки и предупредуваат на казните предвидени за изборна измама, а групите за правото на глас тврдат дека тоа е смислено поради заплашување на гласачите припадници на малцинските заедници.
Некои работодавци во САД, меѓу кои медиумите го наведуваат примерот со Дејвид и Чарлс Коч, браќата милијардери коишто ја финансираат конзервативната група „Американците за просперитет“, барале наводно од вработените да гласаат за републиканскиот претседателки кандидат Мир Ромни.
Две седмици пред претседателските избори на 6-ти ноември, коишто може да имаат најтесен резултат во историјата, се прават обиди да се заведат, застрашат или да се наведат избирачите да го дадат гласот за другиот кандидат отколку што претходно планирале, кои стануваат важен дел од американската политичка сцена, пишуваат тамошните медиуми. Политичките аналитичари во САД сметаат дека на виделина веќе излегле изборните тактики коишто обично се чуваат за последните денови пред изборите.
„На дело е порастот на тактиката на мамење и заплашување, со коишто се правата обиди да се спречи гласањето“, вели Ерик Маршал од „Адвокатскиот комитет за законските граѓански права“, кој ја предводи коалицијата граѓански здруженија на чии телефони може да се дојават податоци за заплашувањето на избирачите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.
Свет
Повеќе од 130 лица беа приведени во Њујорк по антиизраелските студентски демонстрации
Повеќе од 130 лица се приведени во текот на ноќта во Њујорк пред просториите на Универзитетот NYU, по пропалестинските студентски демонстрации, соопшти вечерва полицијата.
Њујоршката полиција за Франс прес прецизира дека сите приведени лица, од кои точно 133, потоа биле ослободени.
Полицијата додаде дека добила покана од администрацијата на Универзитетот во Њујорк да интервенира и да ги евакуира демонстрантите.
„Доколку одбијат да заминат, бараме од NYPD да преземе мерки, вклучително и апсење доколку е потребно“, се вели во писмото на Универзитетот до полицијата.
Студентите во САД во последниве денови организираа демонстрации и митинзи за ставање крај на војната во Појасот Газа.
Околу 100 пропалестински студенти веќе беа уапсени минатата недела на Универзитетот Колумбија, исто така во Њујорк. И во тој случај управата на универзитетот побарала интервенција на полицијата.
Неколку јавни личности, вклучително и претставници на американскиот Конгрес, оценија дека тие студентски собири поттикнуваат антисемитизам.
Свет
Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала
ЛибанскиХезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека нема сознанија за некој од нејзините објекти погодени од Хезболах, но претходно соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел.
Двете страни редовно разменуваат ракетни и воздушни напади од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но се воздржуваат од отворена војна. Сепак, со оглед на честите напади, постојат стравувања дека несреќа или погрешна проценка на која било страна може да доведе до брза ескалација на конфликтот, како и до потенцијално вклучување на други регионални и светски сили, вклучително и САД.
Хезболах вели дека нападот е одмазда за претходниот израелски напад во кој загина еден од нивните борци. Групата објави сателитска снимка со локацијата на нападот на половина пат помеѓу Акра и Нахарија на север. На едно видео е видливо и како израелската воздушна одбрана ги пресретнува беспилотните летала.
Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан.
Најмалку две лица загинаа, а уште шест се повредени откако израелски воздушен напад погоди станбена област во јужниот либански град Ханин, објави во вторникот официјалната либанска новинска агенција NNA.