Свет
Во Кина илјадници демонстранти се судрија со полицијата
Илјадници демонстранти го нападнале полицискиот кордон во кинескиот град Дунсин, во автономната област Гуанси-Жуанг во јужниот дел на Кина кон границата со Виетнам, при што има „убиени и повредени“ околу сто лица, пренесува во саботата AFP, повикувајќи се на активисти за човекови права
Инцидентот се случил во петокот навечер кога околу 10 илјади луѓе, според активистите, се собрале да протестираат против прекумерната бруталност за оние коишто кинеската полиција ги осомничила за шверц.
Според податоците на хонконшката организација Information Centre for Human Rights and Democracy, биле запалени или уништени 20 полициски автомобили и возила на пограничната полиција. Околу сто луѓе „беа убиени или повредени“, се вели во соопштението на организацијата објавено на интернет каде што биле поставени фотографии од уличните судири, на кои се прикажани превртени и изгорени автомобили и силен полициски кордон.
Според официјалнто соопштение на кинеската полиција, на протестот имало околу илјада демонстранти, и само „некои од нив се инволвирани во противзаконски активности“. Полицијата нема официјални информации за настрадани или за евентуални жртви.
Насилството избило, според официјалните претставници на локалните власти, кога демонстрантите реагирале на брутално однесување на полицијата со еден мотоциклист за кои луѓето во толпата мислеле дека е мртов и одбиле да се оддалечат од местото по што почнало превртувањето и уништувањето на полициските возила.
„Пет полицајци се полесно повредени, а девет возила на единицата за борба со нелегалната трговија се оштетени…, никој (друг) на местото на настанот не е повреден или убиен’, стои во соопштението објавено од Бирото за јавна безбедност за градот Дунсин.
Агенцијата AFP во саботата не можела да стапи во контакт со градските власти.
Според кинеските активисти за човекови права, последната година во Кина имало околу 180 илјади протести за широк спектар прашања, најмногу за корупција, за одземање земјишта, полициски бруталности и за неисплатени плати./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.