Свет
Јапонија бира парламент по шест премиери во шест години
Повеќе до сто милиони Јапонци во неделата ибираат нов состав на долниот дом во надеж дека по шест премиери во последните шест години ќе изберат подолготраен премиер
Јапонците од новиот премиер очекуваат да ја придвижи земјата разочарана од владеењето на Демократската партија на Јапонија (DPJ) по нејзината историска победа во 2009 година.
Премиерот Јошико Нода го распушти парламентот кон средината на ноември и отвори пат за одржување десет месеци пред редовниот термин.
Анкетите предвидуваат победа на конзервативната Либерално-демократска партија која без прекин владееше 50 години до 2009 година, кога победи партијата на левиот центар DPJ со 308 пратенички места во парламентот со 480 места.
Меѓутоа, PDJ ги разочара избирачите кој му забележуваат за нерешавање на општествено-економските тешкотии и неисполнување на ветувањето. Некои од ветувањата беа бесплатното образование за сите средношколци, семејни надоместои, намалување на данокот за малите и средните претприајтија, укинување на наплатата на патарината …
Довербата PDJ ја загуби и поради одговорот на катастрофалниот земјотрес и цунамито од март 2011 година, кога беше предизвикана хаваријата на нуклеарката Фукушима, а владата, според мислењето на Јапонците, пропуштила да дејствува компетентно и брзо. Цената за овие пропуст PDJ веќе ги плати во летото 2010 година, кога го загуби мнозинството во Сенатот.
Наспроти левицата, конзервативниот PLD се престрои и се надева на победа предводена од поранешниот премиер Шинцо Абео.
Јапонија е трауматизирана од нуклеарната катастрофа во Фукушима, па нуклеарната енергија беше во центарот на изборната кампања. Левицата вети дека Јапонија ќе биде без нуклеарна енергија за 30 години, а PLD традиционално близок на стопанствениците, вети своја стратегија да ја претстави за три години,
Многу Јапонци, а во прв ред младите, разочарани се од традиционалните партии и веруваат дека помалите и некои нови партии може да остварат поголем успех.
Новата антинуклеарна партија Иднината на Јапонија, која во ноември месец ја основаше Јукико Када, гувернер на префектурата Шига. На партијата ѝ се придружи и Ичиро Озава, дисидент од PDJ, Аналитичарите сметаат дека Иднината на Јапонија може да стане трета сила наспроти PLD и PDJ.
Партијата на обновата ја основаа поранешниот гувернер на Токио, националистот Шинтаро Ишихара и амбициозниот млад градоначалник на Осака, Тору Хашимото.
Партијата Нов Комеито, која е основана од членовите на будистичката секта, беше малцински партнер на LDP последните десет години до 2009 години, Се смета дека LDP, доколку победи, ќе ја обнови коалицијата со Комеито која својата програма ја основа на економската политика, нос е спротиставува на измената на јапонскиот пацифистички устав.
Новата влада на Јапонија која ќе биде избрана во неделата, ќе мора покрај еконосмките и оптествените проблеми да се носи и со товарот на односите со соседнито економски џин Кина и сѐ поконкурентната Јужна Кореја, како и со непредвидливата Северна Кореја која изминатава седмица лансираше балистичка интерконтинентална ракета. Јапонија ги заостри односите со Кина поради малиот архипелага Сенкаку во Јужнокинеското море поради полагањето право врз нив. Исто така, треба да ги редефинира и односите со САД, својот традиционален сојузник./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.