Свет
OIC ги осуди заканите на сириските исламисти за христијаните
Организацијата за исламска соработка (OIC) ги осуди во неделата заканите на исламистичките бунтовници за две христијански населби во Сирија, стравувајќи дека судирите во оваа земја ќе се пресвртат во отворено религиозно насилство.
Организацијата за исламска соработка во соопштението оценува дека таквите закани „се во спротивност со исламските принципи за толеранција, братство и мир“, пренесува AFP.
Панисламската организација којашто има 57 земји членки предупредува дека постои опасност сирискиот „судир да се претвори во верски“.
Во видеопорака објавена во саботата, бунтовничките борци ги предупредија жителите на Мхарда и Ал-Скубија, две христијански населби во централна Сирија, дека ќе бидат нападнати доколку не ги протераат припадниците на редовните сириски сили на владата на претседателот Башар ал-Асад.
„Ви го упатуваме ова предупредување за да се кренете и да ја протерате бандата на Асад и шабихите (припадници на локалните исламски милиции кои го поддржуваат Асад -з.р.) во спротивно веднаш ќе ги нападнеме нивните утврдувања“, истакнува еден од сириските бунтовници коишто се припадници на мнозинската сунитска заедница во снимката што ја објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
Сириската христијанска заедница којашто во Сирија брои 1,8 милиони припадници, главно е воздржана во текот на сирискиот конфликт. Меѓутоа и претходно христијаните го поддржуваа владеењето на малцинските алавити (дел од шиитскиот ислам) на кои им припаѓа претседателот Башар ал-Асад, а по сквернавењето на неколку христијански храмови, посебно во вториот по големина град Алепо, христијанските челници стравувајќи од исламистите кои и од странство доаѓаат да се борат во Сирија, застана на страната на Асад.
Претходно во четвртокот истражителите за човекови права од комисијата на Обединетите нации дека „Борбите на владините сили вооружените бунтовнички групации се приближуваат кон крајот на втората година, а судирот поприми отворено секташки карактер. Етничките и малцинските групи се чувствуваат се под закана и нападнати, па сé повеќе се припојуваат кон една од судрените страни, во согласност со секташките поделби“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.