Свет
Следната 2013 година ќе биде најтопла откако се мерат температурите

Следната 2013 година ќе биде најтопла од 1850 година, а тоа ќе биде предизвикано од промената на климата.
Се предвидува дека глобалните температури во 2013 година да бидат 0,57 Целзиусови степени повисоки од просекот заради што следната година ќе биде најтопла откако се мерат температурите, пишува „Гардијан“.
Прогнозата се темели врз истражувањето и податоците од Универзитетот Ист Англиа, Годард Институтот оф Спејс Стадис на НАСА, како и американската администрација за океани и атмосфера.
„Растечките температури се последица на промената на глобалната клима и зголемените емисии на стакленичките гасови“, изјави климатологот Дејв Бритон.
Поголемиот просек а глобалните температури не значи дека ќе се затопли во сите делови на светот. Промената на климата ќе има поинакви ефекти врз различни региони.
Инаку, според податоците на Светската метеоролошка организација, 11 од 12-те најтопли години во историјата се оние од 2001 година па наваму. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бомба фрлена во центарот на Подгорица

Експлозивната направа беше фрлена во кафулето „Велдер паб“ во центарот на Подгорица.
Тоа се случило околу три часот наутро, на булеварот Иван Црнојевиќ, пренесува ЦДМ.
Силна детонација ги вознемирила жителите на тој дел од градот, а полициската истрага сè уште трае.
Свет
Лидерката на Хонгконг во посета на Пекинг

Кинескиот премиер Ли Кеќенг денеска во Пекинг се состана со лидерката на Хонгконг, Кери Лам, со која разговараше за состојбата на економијата во овој полуавтономен кинески регион по повеќемесечните насилни протести.
„Владата на специјалниот административен регион мора да продолжи со напорите да стави крај на насилството и да стави крај на хаосот во согласност со законот“, рече Ли, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Посетата на Лам доаѓа по бројните шпекулации дека таа може да добие нови директиви во разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг, вклучително и можна реконструкција на владата.
Ли исто така рече дека судирите околу промените во законот за екстрадиција го повредиле општеството во Хонгконг во сите обласи, пренесе АП.
„Во изминатата година, нашите политики, економија и општество навистина се соочија со големи проблеми“, рече Лам.
Свет
„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската Амбасада,по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.
Весникот наведува дека еден од двајцата кинески службеници се верува дека бил разузнавач кој работел во кинеската Амбасада.
Според весникот, кинеските службеници кои влегле во базата во Норфлок во Вирџинија оваа есен, запреле само кога противпожарни возила им го блокирале патот.
Во таа прилика, тие им рекле на стражарите дека се загубиле.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде