Свет
На Филипини нови ’даноци на гревот'
Нови „даноци на грев“, односно на цигари и алкохоли, малку го расипаа новогодишното расположение на Филипинците, особено на оние кои наидоа на повисоки цени пред полноќ кога новите даноци требаа да стапат на сила.
Многу продавници на Филипини почнаа уште пред полноќ да ги продаваат производите од тутун и жестоките пијалаци по повисоки цени.
Акцизите на цигарите постапно ќе се зголемуваат до 2017 година, а на крајот од тој период кутија цигари ќе чини двојно отколку сега. Акцизите на алкохолот, исто така, постапно ќе се зголемуваат до 2017 година, со различни стапки за пиво, вино и жестоките алкохоли.
„Новите цени и натаму се ниски во однос, на пример во Сингапур, но за обичните Филипинци тие се високи“, изјави 33-годишната Лодемер Анцелес, сопственичка на продавница во главниот град Манила, пренесува AFP.
Нова владата на Филипини сака со новите давачки за цигарите,како што наведуваат нејзините претставници, да поведе војна против пушењето, но добро и’ доаѓа и полнењето на државната каса. Имено новите давачки за споменатите производи би требало да донесат околу 8000 милиони американски долари оваа година во буџетот, а постапно и повеќе во следните години. Еден дел од вака собраните пари ќе се вложуваат во здравствените програми, имајќи предвид дека Филипини имаат голем процент пушачи и големи здравствени трошоци за нивните заболувања./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.